НАПРАВЕН ПРВИОТ ЕЛЕКТРИЧЕН АВТОМОБИЛ ОД МАКЕДОНСКО ПРОИЗВОДСТВО: Репарирано електрично ,,Фиќo” наскоро ќе се вози на скопските улици

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Иако одамна не се произведува, и може да се сретне покриен со церада во некои од дворовите, ова возило повторно оживува, овој пат како прв македонски електричен автомобил ЗАС Г20 чија промоција беше денеска. Тоје резултат е на тимот специјалисти на ББ Класик Карс, во соработка и со поддршка на повеќе домашнипретпријатија и занаетчии, а особено со германската фабрика Кеслер – производителот на електро мотори вградени и во ова возило, пренесува Вечер.

Популарниот “Фиќо” од 60-тите до 80-тите години од минатиот век повторно ќе се врати на скопските улици. Иако одамна не се произведува, и може да се сретне покриен со церада во некои од дворовите, ова возило повторно оживува, овој пат како прв македонски електричен автомобил ЗАС Г20 чија промоција беше денеска од страна на тимот на ББ Класик Карс, а со финансиска поддршка од Фондот за иновации и технолошки развој.

– ЗАС Г20 привлекува внимание со ретро дизајнот и конкурентноста во доменот на малите електрични
автомобили. Резултат е на повеќегодишно професионално ангажирање на тимот специјалисти на ББ Класик Карс, во соработка и со поддршка на повеќе домашни претпријатија и занаетчии, а особено со германската фабрика Кеслер – производителот на електро мотори вградени и во нашите возила. Кеслер отворија своја фабрика во Македонија со тоа обезбедувајќи ја можноста нашиот електричен автомобил да ја носи етикетата “Произведено во Македонија“ – рече на промоцијата Ален Јегени од ББ Класик Карс.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This