НАПРАВЕТЕ ГО ВЕДНАШ:Пијалок кој согорува и до 50 отсто од масните наслаги околу стомакот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Многумина го имаат овој пијалак во својот дом, но не знаат дека може да им помогне во борбата со килограмите.

Според истражување објавено во магазинот „Nutrition“, една чашка сок од домат може драстично да го намали обемот на вашиот стомак – без никакви други промени во исхраната.

Научниците откриле дека жена која консумирала 280 милилитри од овој пијалак секојдневно, успеала да загуби 50 отсто од масните наслаги за само осум недели.

Исто така, поголемиот дел од жените загубиле повеќе од половина од телесната тежина, а овој вкусен наптиок го регулирал и нивото на холестерол во крвта.

Како сокот од домат помага во губењето на килограми?

Овој сок содржи високо ниво на ликопен – антиоксиданс кој ја зголемува продукцијата на хормонот адипонектин за дури 25 отсто.

Нутриционистката Шона Вилкинсон за англиските медиуми објаснува зошто доматот е толку добар за намалување на телесната тежина.

„Доматот содржи многу малку калории и јаглен хидрати, како и многу вода. Исто така има многу малку шеќери, па е одлична алтернатива“, вели таа.

Оваа нутриционистка открива и дека овој сок го намалува апетитот:

„Доматот и сокот од домат исто така се богати со природни витамини и минерали кои му се потребни на телото, помагаат во претворањето на храната во енергија и го забрзуваат метаболизмот“.

Сепак, покрај воведувањето на овој пијалак, морате да внимавате и на исхраната.

„Ако само во својата храна додадете домат или сок од домат, а се храните нездраво или внесувате многу калории, нема да почувствувате резултати. Во своето дневно мени морате да вклучите храна од сите групи, со доста зеленчук и протеини, и да ја елиминирате преработената храна“, истакнува Вилкинсон.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This