НАПРАВЕТЕ САМИ: Домашен џем од смокви

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Многумина читатели на infomax.mk изразија желба да објавуваме рецепти, па така еве еден домашен рецепт за џем од Смокви. 

Овој рецепт е од Хвар Р. Хрватска

Состојки:

  • 3 kг зрели смокви
  • 900 грама шекер
  • 2 кесички ванилин шекер
  • 3 лажици изрендана кора од лимон и портокал
  • 2 лажици Рум

Подготовка:

На смоквите прво тргнете ги дршките и дел од кората колку што можете. Немора да ја отстраните целата кора бидејки таа дава одличен вкус. Во големо тенџере од росфрај ставете ги исчистените и на парчиња исецкани смокви (смоквите можете и да ги сомелете). Во смоквите ставете го шеќерот, кесичките ванилин шеќер, кората од лимон и портокал како и румот. Варете на тивок оган со непрестано мешање за да не загори. Треба да се вари два до два и пол часа, додека смесата не се згусне. Џемот е готов кога ќе биде доволно густ, а сеуште течен и се става во претходно стерилизирани стаклени тегли.

Подготовка на теглите:

Подготвениот џем ставете го во стаклени тегли. Наполнетите тегли ставете ги во рерна на 150-180 степени највеќе 10 минути, само додека зоврие џемот во теглите. Теглите извадете ги од рерна и покрите ги со чиста крпа и оставете да се подоладат. Кога ќе се подоладат теглите затворете ги со поклопец или пластична фолија. Нема потреба да се става конзерванс бидејки вака подготвениот џем може да стои цела зима на темно и ладно место. Кога ќе отворите тегла со џемот чувајте ја во фрижидер.

Подготвил

Борислав Стоилковиќ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This