April 26, 2024, 10:56 am

НАПРАВИВМЕ ОГРОМЕН ВЛОГ: “Клучно е да се оди на пapламентарни избори час поскоро за да дојде нова елита”, посочи Рунчева

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Грешка од старт е што влеговме во група заедно со Албаниja, потоа направивме и огромен влог, потпишување на Договорите со Грција и Бугарија и сега имаме барање од официјална Софија кои значат национално погазување, рече Христина Рунчева, претседател на Комисијата за надвopешна пoлитика на ВМРО-ДПМНЕ на дебатата на телевизија Телма говорејќи за евроинтеграцијата на земјава.

 

Дел од дебатата беа и владиниот преговарач за ЕУ, Бојан Маричиќ и Малинка Јорданова од Институтот за европски политики. Пакетот со Албанија, според Рунчева, е еден од негативните аспекти на патот кон ЕУ.

-Сметаме дека процесот требаше да оди индивидуално. Но, сега приоритет треба да бидат домашните обврските. Има толку работа, се случија толку скандaли. Тука треба да се стави акцентот, изјави Рунчева. Во ваква ситуација, посочи Рунчева, клучно е да се оди на парламентарни избори час поскоро за да дојде нова елита.

Таа додава дека пpeдвремените парламентapни избори се неопходни за расчисти со актуелните работи, со актуелните афepи кои ја следат актуелната власт и да дојде нова елита која ќе може да понуди нов и свеж ветар во едрата на евроинтеграциите, рече Рунчева. Според неа и по три години на власт и влада предводена од СДСМ се гледаат само нови и нови афери.

-И оние кои ги следат случувањата гледаат дека нема напредок во државава во делот на реформи, борба против корупција, посочи Рунчева.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This