НАРАЧАНИ УБИСТВА, ЗАПАЛЕНИ АВТОМОБИЛИ, ВАНДАЛИЗАМ: Кого лаже и прави будала Оливер Спасовски, степенот на криминалитет во град Скопје никогаш не бил поголем!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Додека во Рапублика Македонија се случуват нарачани убиства во сред бел ден како по бразилските фавели, додека се сквернават и кршат гробишта во Љуботен, министерот на внатрешни работи Оливер Спасовски при посета на СВР Скопје се фали дека е намален степенот на криминалитетот во Скопје

Ако малку се вратиме со случувањата наназад, единствено нешто што ќе констатираме е дека во изминатиот период многу криминални случаи каде што има констатирани сериозни прекршувања на закон останаа нерасветлени од страна на министерството за внатрешни работи.

И покрај голем интерес на јавноста остана нерасветлен инцидентот со кршење на гробиштата во Љуботен, каде беа искршени преку 30 православни гробишта. Гробиштата се наоѓаат во дворот на црквата Св.Никола во с.Љуботен, која е заштитена под Министерството за култура како културно наследство.

Месец и половина по овој сериозен инцидент, во кој беа сквернавени гробиштата,МВР не успеа да ги најде сторителите.

На 6-ти август,за помалку од еден час беа опожарени 4 возила на паркингот на улицата ,,Јани Лукровски”,но од страна на Секторот за внатрешни работи во Скопје, до ден денес не се пронајдени сторителите.

Во јавноста нерасчистувањето на овие настани пројавува сомнение дека блискоста на луѓе од владата на СДСМ и Зоран Заев со матни ликови од криминалното подземје е причина зошто овие случаи Оливер Спасовски не ги расчистува.

Ако ги отворите полициските билтени во изминатите за изминатиот период, единствено што ќе констатирате е дека се полни со низа случаи на разбојништва, напади на новинарски екипи,од страна на непознати и маскирани лица,тешки кражби во бензински и други локали, кражби по станови,уцени ,насилства,но министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски,очигледно овие случаи не постојат и не треба да се губи време за нивно расчистување.

Освен добро познатата полициска флоскула дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, информации за расчистување на случаевите и пронаоѓање на сторителите нема.

Доаѓањето на власт на СДСМ секогаш значи зголемување на насилството, рекетот и уцените во главниот град Скопје. Со новата власт на СДСМ, несигурноста во Скопје дефинитивно се враќа во 1995 – 96 година, кога клановите блиски до СДСМ го водеа главниот збор.

Додека во градот се враќаат рекетите,уцените,насилствата и се зголемува несигурноста кај граѓаните според Заев и Оливер Спасовски криминалитетот во град Скопје е намален.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This