НАРЕДНИТЕ НЕКОЛКУ ЧАСА КЛУЧНИ ЗА ПРЕГОВОРИТЕ: Заев треба да каже „да“ или „не“ за промена на името во наредните неколку часа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Имаме сериозен напредок и како никогаш порано двете земји не биле поблиску до решение. Наредните часови можат да бидат клучни за исходот од преговорите и се надевам дека евентуално позитивниот исход ќе создаде атмосфера за продлабочување на односите меѓу Македонија и Грција, како и услови за забрзано продлабочување на евроатланската перспектива на Македонија.

u

Ова го истакнал вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи на денешната средба во Брисел со високата претставничка на Европската унија за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседателката на Европската комисија, Федерика Могерини.

Тој на средбата информирал за остварениот прогрес во односите меѓу Република Македонија и Република Грција, изразувајќи притоа задоволство од постигнатиот напредок во затоплувањето на односите, имплементацијата на мерките за градење доверба, деескалација на политичките несогласувања, но и задоволство од напредокот во разговорите околу спорот за името.

Како што информира прес-службата на СЕП, Османи ја информирал Могерини и за новиот реформски План 18, со кој Македонија останува посветена на реформскиот процес и по добивањето на препораката и позитивниот извештај на Европската Комисија.

– Планот 3-6-9 создаде солидна основа и подготовка за имплементација на суштинските и долгорочните реформи во насока на приближување на нашето општество со европското, при што, Планот 18 претставува логично продолжение на реформската агенда на Владата за системска координација и следење на имплементацијата на овие реформи, сѐ до почетокот на преговорите, нагласил Османи.

Тој ги изразил своите очекувања дека постигнатиот напредок во имплементацијата на реформите, но и во отстранувањето на политичките пречки, ќе биде соодветно валоризиран на претстојните самити на ЕУ на крајов на месецов со што ќе се запечати европската иднината на Македонија, но и евроатлантската ориентација на сите земји од Западен Балкан.

На средбата со Могерини присуствувал и министерот за економија Крешник Бектеши. (МИА)

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This