НАРКО ПРЕСМЕТКА ВО СДСМ: Демолирано кафулето „Излет“ чиј сопственик е пронајден како прв контакт во именикот на Сетко!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Неколку соросоидни портали, не сите (барем не оние кои не се на иста страна) објавија дека во текот на вечерта било демолирано кафулето „Излет“ сопственост на Огнен Узуновски – Оги. „Излет“ инаку е познат по тоа што беше збирно место на т.н. шарена револуција, место каде што редовно Заев и СДСМ организираа донаторски вечери со кои се финансираше револуцијата. Секако, собирањето пари преку донации беше само маска за да се затскрие вистинскиот извор на пари од кои се финансираа шарените
излет

Според непотврдени информации до кои дојде Инфомакс, Зоран Заев бил во директна комуникација со сега обвинетиот Сеад Рахиќ – Сетко кој беше уапсен поради трговија со дрога, преку кој Заев ја контролирал и држел под свое нарко-мафијата во Скопје и пошироко.

Со дел од парите според информациите до кои дојдовме, била финансирана и шарената револуција. Прашањето е, каде во оваа комбинаторика „влетува“ сопственикот на „Излет“?
ogi_izlet

Името на Огнен Узуновски-Оги, според информации од полициската истрага во случајот со Сеад Рахиќ било меѓу првите контакти на мобилниот телефон на Сетко. Токму сопственикот на „Излет“ е познат во скопските кругови по можноста да се обезбеди кокаин во секое време, а според извори на Инфомакс, тој бил и контактот за „роба“, а понекогаш и за пари за најагресивните демонстранти од т.н. шарена револуција.

По „паѓањето“ на Сетко започнал да расте и гневот кај останатите членови на нарко-групата кои сешуте се надвор.

Како што дознаваме, на почетокот од страна на Заев им било ветувано монопол, заштита и зголемување на профитот од нелегалната трговија. Тие дури очекувале дека нивен претставник, односно токму Огнен Узуновски би бил кандидиран за пратеник, но „преовладал“ Павле Богоевски. Сепак, и покрај кандидирањето и симпатиите кои Павле ги доби од Заев, СДСМ изгуби.

Сега, нарко-мафијата си го бара своето назад.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This