„НАРОДЕ ВОСТАНИЕ, СЕГА Е ПОСЛЕДЕН МОМЕНТ“: Професорот Игор Јанев повика на „востание“ – стравува од грчка измама со договорот од Преспа!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Игор Јанев е еден од ретките Македонци што стигнал да биде член на Академскиот совет за системот на ОН и можеби единствениот експерт што од првиот ден ја брани тезата дека Македонија мора да го одбрани името во Генералното собрание на ОН, а не со медијатори, по судови или преку Советот за безбедност.

Порано и како вработен во македонското Министерство за надворешни работи, со специјални задачи поврзани само со проблемот за името, Јанев до крај остануваше доследен на предлогот дека Македонија мора да побара резолуција во Генералното собрание на ОН и одбрана на уставното име.

Сега Јанев предупредува дека откако ќе биде завршено со промената на идентитетот, Грција нема да има потреба да го ратификува Договорот од Преса во своето Собрание.
-Исклучително важно! Може да се случи да имаме промена на Уставот во јануари, а Грција да не излаже и да не го ратифкува Договорот од Преспа, бидејќи се ќе биде завршено со промената на идентитетот! Грција по тоа нема потреба да врши ратификација, вели Јанев.

Имено тој истакнува дека ако Договор не биде ратификуван, Македонија нема да влезе ниту ви ЕУ, ниту во НАТО, а промените на Уставот ќе бидат трајни бидејќи за враќање на стариот Устав ќе биде потребно и 2/3 и бадинтерово двојно мнозинство.

-Ако не помине во Грција, нема да има ни ЕУ, ни НАТО, а Уставот не можеме да го вратиме на старо оти имаме услов 2.3 плус бадинтерово двојно мнозинство! Промената ќе биде трајна, ние нема да имаме интеграции, и Русија имајќи се ова во предвид изјави дека нема да интервенира и да го руши Преспанскиот Договор, коментира тој.

За крајот тој истакнува дека сега е последен момент за како што вели дека сега е последен момент за востание, потсетувајќи на привремената спогодба од 1995 која не беше ратификувана во Грција.
– Народе востание, сега е последен момент! Внимавајте! Како и со времената спогодба од 1995, може да не помине Преспанскиот Договор во Грција. Тие Грците нема да имаат обврски, а ние ќе имаме сменет Устав и идентитет со загрозена државност и суверенитет, за крај порача тој.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This