Народна Банка: Kpиптo-cpeдcтвaтa нe ce зakoнcкo cpeдcтвo зa плaќaњe, влoжyвaњeтo вo нив е виcoкo pизичнo

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Крипто-средствата не се законско средство за плаќање во нашата земја, а вложувањето во нив е високо ризично. Вложувањата во крипто-средства не се гарантирани и не постои механизам преку кој лицата ќе бидат обесштетени. Оттука, ако пропадне платформата преку која се врши тргувањето или субјектот кој издал некое крипто-средство, не постои механизам за обесштетување на имателите на крипто-средства, соопшти Народната банка.

Ова е само еден од одговорите на најчесто поставуваните прашања во врска со крипто-средствата што ги објави денесја Народната банка на својата веб-страница. Одговорите се достапни на http://nbrm.mk/prashanja-i-odgovori-za-kripto-sredstvata.nspx.

Според Банката, како и во други земји, така и кај нас, нема општо прифатена дефиниција за крипто-средствата. Во основа, тие се специфичен вид нематеријално средство, засновано на одредени технологии, кое не е издадено, ниту, пак, неговата вредност е гарантирана од централна банка или друг регулаторен орган, не претставуваат пари и понудата на овие средства не зависи од потребите на економијата или монетарниот систем,

-Како и во многу други земји, така и кај нас, не постои регулатива со која се регулираат издавањето, вложувањето и тргувањето со крипто-средствата. Вложувањето во крипто-средства се смета за високо ризично. Сите што вложуваат или имаат намера да вложат во крипто-средства треба да бидат исклучително внимателни и добро да се информираат за потенцијалните ризици на кои се изложени и ефектите од таквите вложувања. Високиот ризик што го преземаат лицата кои вложуваат во крипто-средства произлегува од  исклучително високата променливост на нивната пазарна цена, што значи дека за краток временски период се можни исклучително високи промени во пазарната цена на крипто-средствата (како во нагорна, така и во надолна насока). Сите кои вложуваат треба да бидат свесни дека вредноста на крипто-средствата може да биде и нула, наведува Банката.

При вложувањето во крипто-средства, лицата се изложуваат и на бројни оперативни ризици и други ризици од загуба на нивниот имот, посебно во услови на развој на голем број децентрализирани инфраструктури врз коишто се заснова поседувањето на крипто-средствата и нивната нерегулираност во глобални рамки.

-Со оглед дека издавањето, вложувањето и тргувањето со крипто-средствата зависат од компјутерски системи и софтвери, во оваа сфера многу големо значење имаат ризиците поврзани со дигиталниот простор и можноста за т.н. хакерски напади и губење имот. Финансиските институции можат да одбијат спроведување платежни трансакции што се поврзани со вложување во крипто-средства, доколку оценат дека таквите трансакции ги изложуваат нив или нивните клиенти на високо ниво на ризик од перење пари или финансирање тероризам, дополнува Народната банка.

Одговорите на најчесто поставуваните прашања во јавноста во врска со крипто-средствата, објавени од Народната банка, ги претставуваат ставовите засновани на тековно расположливите информации. -Со оглед дека тематиката поврзана со крипто-средствата на глобален план е во постојан развој, постои веројатност од понатамошно менување и дополнување на искажаните ставови, во зависност од тоа какви стандарди ќе се развиваат во врска со крипто-средствата на глобално ниво, објаснува Народната банка.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This