April 26, 2024, 11:38 am

НАРОДНА КАЛКУЛИРА: Партијата на Георгиевски никако да одлучи на која страна да тргне

Поврзано

- Advertisement -

НАРОДНА КАЛКУЛИРА: Партијата на Георгиевски никако да одлучи на која страна да тргне

- Advertisement -

ВМРО – Народна партија сѐ уште нема одлучено со кого ќе коалицира за изборите на 11 декември.

Оттаму велат дека сите опции се отворени. Високи претставници од партијата информираат дека се подготвувааат за голема опозициска десно центристичка коалиција и дека се подготвуваат за заедничката платформа со кја би настапиле на изборите.
И покрај подделбите и различните размислувања на органите на партијата сепак претседателот на партијата Љубчо Георгиевски  изјави дека ќе ја почитува одлуката на органите на партијата – велат од ВМРО-НП.


Оваа партија, која произлезе од ВМРО-ДПМНЕ, е во опозиција. Досега излегуваше на избори и самостојно и во коалиција со СДСМ, но без голем успех. На последните парламентарни избори оваа партија освои околу 40.000 гласа, но не успеа да влезе во парламентот бидејќи гласовите им беа расцепкани во повеќе изборни единици.

Во последниот период сѐ поголем број членови, како на пример Ламбе Арнаудов, почнаа да говорат дека партијата треба да коалицира со ВМРО-ДПМНЕ, па дури и дека треба да се припои кон матичната партија.

Од Партијата информираат дека сепак до крајот на неделата ќе биде познат конечниот став и идното дејствување на ВМРО-НП.

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This