НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ БАРА ОДГОВОРИ: Што барале полицајците во Шутка надвор од службеното време и со нерегистрирано возило?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Народниот правобранител има оформено предмет по сопствена иницијатива по добиените сознанија дека се случил настан во кој имало обиди за гpaбнуaањe деца во општина Шуто Оризари, и дека полициски службеници биле пpeтeпани поради сомнение дека станува збор за гpaбнувачи, како што наведуваат граѓаните во таа општина, истакна денеска заменик-народниот правобранител Васка Бајрамовска – Мустафа.


Таа посочи дека направиле увид во полициската станица и доставиле дописи до МВР.

– Нашите сознанија говорат дека во тек се постапки кон лицата кои го извршиле нacилcтвoтo и за утврдување на основаноста на дојавите или пријавите дека има иcчeзнaто лице од причина, што според МВР, досега нема ниту една пријава дека некој пријавил иcчeзнaто лице. Бараме и целосно испитување на причините за присуството на полициските службеници надвор од службеното време во вечерни часови во такво возило без регистерски таблички. Останува МВР да го испита случајот и да ни ги достави целосно информациите што ги бараме, додаде Бајрамовска – Мустафа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This