April 23, 2024, 10:28 am

НАРОДОТ МАСОВНО ЈА НАПУШТА ДРЖАВАТА: Само синоќа од Скопје кон Германија тргнаа четири полни автобуси

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Четири автобуси со млади луѓе од Сарај вчера тргнаа за Германија, пишува порталот Инфо Шќип

Оваа појава зазема загрижувачки размери во нашата земја. Оправдувањето на младите за оваа појава е економската состојба и губењето на надежта за подобар живот, анализира порталот.

Меѓу регистрираните македонски државјани во Германија особено е голем бројот на оние меѓу 20 и 45 години старост- возраст која се смета за најплодотворна. 38 илјади македонски државјани на оваа возраст се жители на Германија или околу 36 проценти од вкупната бројка.

Дополнително, речиси 35 проценти од вкупниот број не се во брак. Околу 10.500 деца од родители со македонско државјанство се родиле во последните 10 години во Германија. Од вкупната бројка жители со македонски пасош во Германија, нешто над 14 илјади се родени во таа земја.

Бројките на германскиот Завод за статистика покажуваат дека над 30 проценти од македонските државјани кои престојуваат во земјата се тука, засега, привремено.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This