НАРОДОТ СЕ ГУШИ ВО ЛАГИТЕ НА ШИЛЕГОВ: Граѓаните и вечерва се гушат, Скопје и Струмица екстремно загадени!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

За време на изборната кампања за локалните избори, Шилегов го обвинуваше тогашниот градоначалник Коце Трајановски, дека на градот Скопје му е потреба итна стратегија за чист и квалитетен воздух. Граѓаните бараат Шилегов да го реши загадувањето со воздухот час поскоро бидејќи ситуацијата во која се наоѓа главниот град е повеќе од загрижувачка.

Скопје вечерва повторно се гуши во смог, мерните станици за квалитетот на воздухот, покажуваат ниво на загаденост 4-5 пати над нормалата.

Мерната станица во Лисиче бележи најголема загаденост, таму ПМ10 честичките се искачија до 238 микрограми на метар кубен што е четири пати повеќе од дозволената граница, загадрноста кај Ректорат е 213 микрограми на метар кубен, додека во Гази Баба 189 микрограми на метар кубен.

Алармантна е состојбата и во другите градови на Македонија. Екстремно загадување на воздухот е измерено и во Кичево каде се регистрирани ПМ10 честички во износ од 314 микрограми на метар кубен, Струмица нивото на ПМ10 честички е 292, а во Куманово се измерени 166 микрограми на метар кубен.

Градот Скопје веќе подолго време е на листата на најзагадени градови во светот.

Петре Шилегов во предизборието ветуваше чист воздух и повеќе зеленило во Скопје како приоритет на новата локална власт. Но, после три месеца од неговиот мандат Шилегов не направи ништо за да го подобри квалитетот на воздухот.

Наместо реални мерки Шилегов спроведе популистички потег и воведе бесплатен градски автобуски превоз, мерка која траеше само два дена.

За време на изборната кампања за локалните избори, Шилегов го обвинуваше тогашниот градоначалник Коце Трајановски, дека на градот Скопје му е потреба итна стратегија за чист и квалитетен воздух. Граѓаните бараат Шилегов да го реши загадувањето со воздухот час поскоро бидејќи ситуацијата во која се наоѓа главниот град е повеќе од загрижувачка.

Загриженоста за неодговорноста на локалната власт и на владата, покажа и Американската амбасада во Скопје, кога во една објава на социјалните мрежи Фејсбук и Твитер прашаа „кои се вашите идеи за почист воздух во Македонија“.

Ништо од ветувањето на Петре Шилегов. Локалните власти и надлежните институции се уште немаат решение за проблемот, за кој велеа дека ќе биде експресно решен.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This