На социјалните мрежи, поточно на ФБ страницата „Приказни од Булеварот“ се појавија информации и фотографии од разговор помеѓу извесен Цанко од Неготино и 13 годишно девојче од Србија
Како што стои во објавата на ФБ, а и како што може да се види од објавениот разговор помеѓу Цанко и девојчето тој барал голи фотографии од девојчето, а за возврат и ветувал дека тој ќе и испрати свои.
„ Цанко е педофил од Неготино, кој отворено наведува 13 годишно девојче да си ги слика гениталиите и истото и го нуди.
Во случајов се допишува со девојче од Србија, но може да е било кое дете.
Мамички и татковци. Видете некогаш вашите деца што прават по тоа таблетите и компјутерите. Вие сте првите тие што треба да ги заштитите од ваквите кретени. А сега надлежните нека преземат мерки!“ – стои во објавата на ФБ.
Полицијата сеуште нема превземено никакви мерки иако граѓаните неколкупати пријавувале вакво однесување.