НАРОДОТ СО СЕ ПОГОЛЕМ РЕВОЛТ КОН НАТО И ЕУ: Притисокот и инсистирањето за членство по секоја цена ги пишмани Македонците за членство во ЕУ и НАТО!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Се поголем е револтот на народот кон т.н. Евроатлантски интеграции кои подразбираат членство на Македонија во НАТО и Европската Унија, главно поради притисокот и инсистирањето по секоја цена, по цена на газење на достоинството на државата и народот да се пристапи во овие организации

Anadolu Agency

 

Се поголем е гневот, резигниранотста на народот кон соседните држави, а особено по потпишувањето на т.н. договори за добрососедство со Бугарија и договорот за промена на името со Грција во Преспа. Дотолку повеќе е резервираноста поголема кон власта во државата од страна на граѓаните, кои освен притисоци и стрес не видоа ништо друго.

Вака ја коментира состојбата во земјата Љубомир Цуцуловски, филозоф и професор.

 ЖЕЛБИ И РЕЗУЛТАТИ. Од пуста желба (се п р е т п о с т а в у в а дека била искрена) да се подобрат односите со некои соседни земји, како и да се зголеми довербата на народот кон нив, се постигна спротивното. Ретко кога недовербата на Македонците била толку голема кон бугарската и грчка држава (нагласувам, д р ж а в а!) како сега, и ретко кога народот имал толку големи резерви кон власта како што е сега, после потпишувањето на фамозните Договори со овие земји. Во истовреме, невкусната кампања по секоја цена да бидат љубени ЕУ и НАТО, како и нивниот несмасен и навредувачкиот однос кон Македонците, го постигна спротивниот ефект. Повторно се потврди старато сознание дека едно се намерите, а друго резултатите. Би можело да се рече (со одредени исклучоци) дека историјата на човештвото е историја на неговите промашувања. Во 20-от век тоа може да се потврди почнувајќи од Октомвриската револуција, преку двете Светски војни, сè до Виетнам или укинувањето („укинувањето“) на ладната војна. Односно, кажано во духот на сентанцата: „Патот до пеколот е поплочен со добри намери.“ Затоа, не би било лошо народоусреќувачите барем малку да се свртат кон стварноста – што значи, самите да се приземјат – наместо да лебдат во сферите на желбите и сништата, бидејќи будењата, речиси по правило, се разочарувачки за онј кој се буди.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This