April 19, 2024, 12:46 am

НАРОДОТ ЌЕ ГИ СИМНЕ СДС ОД ВЛАСТ: Некој друг ги донесе на власт, но народот ќе ги симне!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ова се избори кои доаѓаат по четири месеци помрачување. Избори кои освен што треба да ни донесат нови градоначаници и советници, треба да го започнат завршувањето на тоа помрачување. Тоа е важно за Македонија, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на митингот кој попладнево Коалицијата „За подобра Македонија“ го одржува во Неготино.

-Ја следам и нивната кампања. Повеќе од половина од нивните говори се навреди, плукања, омаловажувања за мене лично и кажуваат повторно дека ќе донеле живот, енергија, воздух. Некои поими апстрактни, ништо конкретно. Тоа што го донесоа во овие четири месеци не е ништо друго освен помрачување. Нивното владеење е едно класично работење со кршење на законите во Македонија, бескрупулчозно кршење на законите. Немаат чувство дека народот ги донел на власт, затоа што не ги донесе народот на власт. Ама народот ќе ги симне од власт и тоа ќе започне на 15-ти октомври, а ќе заврши со предвремени парламентарни избори во Македонија и враќање на ВМРО-ДПМНЕ на власт, истакна Груевски на митингот.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека, во изминатиот период очигледно е одењето на СДСМ против волјата на народот.

-Дали преку договорот со Бугарија со кои се откажуваат од македонското малцинство во Бугарија, од историјата. Гледано отсtрана треба да му се честита на премиерот на Бугарија каков договор направи за својата држава и нација, но за жал тоа не можам да го кажам за нашиот премиер чии последици ќе почнеме да ги гледаме по една година. Ниту добија согласност од народот, ни ништо. Директно одење против волјата на народот. Ќе видиме на 15-ти октомври што овој народ ќе каже за тоа, вели Груевски.

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This