НАРОДОТ ЌЕ КАЖЕ КОЈ Е ГЛУП, А КОЈ ПАМЕТЕН: Груевски на социјалните мрежи објави дека се стопирани цела низа на проекти

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Покрај закочувањето на градбата на експресните патишта Штип – Радовиш, Штип – Кочани и Градско – Прилеп, уште два други експресни патишта со 4 коловозни ленти се закочија со доаѓањето на власт на СДСМ. Причините се исти. Да се прикаже слика дека се од нив почнува. Народот нека си чека и нека гине по старите помалку безбедни патишта, пишува поранешниот премиер Никола Груевски на социјалните мрежи.

-Експресниот пат Ранковце – Крива Паланка, со додатно обезбедени средства од Светската банка за проширување и реконструкција на постоечкиот пат Крива Паланка – Бугарска граница, беше пред самиот крај на подготовките кога настана трансферот на власта. Ако немаше промена на власта изградбата на овој експресен пат ќе почнеше во август – септември 2017-та и сега ќе беше готов речиси пола од патот. И за него се обезбеди кредит од Светската банка, се испроектира, се отвори тендер за градба и надзор,…. и дојде СДСМ. Една година подоцна сеуште нема градба, се вели во статусот на Груевски.

Груевски пишува дека експресниот пат Охрид – Пештани, активисти на СДСМ преку т.н. еколошки НВО финансирани горе – долу сите од еден центар, го стопираа проектот уште година дена пред трансферот на власта.

-Од она што ми пренесоа соработниците, НВО кренале узбуна кај банката кредитор дека ако се изградел овој експресен пат, ќе засметал на некои птици кои летале од Африка кон северна Европа и баш тука повремено знаеле да се пододморат пред да го продолжат летањето. Банката се исплаши да не биде обвинета дека финансира проект кој ја нарушува еколошката средина и побара некои нови еколошки студии за кои се инвестираа нови пари да се направат. Со доаѓањето на СДСМ на власт, закочена е и оваа капитална инвестиција, проект кој ако не се запреше, денес ќе беше готов и ќе се користеше. Не знам дали Африканските птици навистина местото го користат за кус одмор, ама знам дека во лето на овој пат илјадници туристи секој ден се гушат во возилата и тие 10-тина километри пат кој требаше да се изгради го возат со брзина слична на одењето пешки, и наместо за 5 минути, го поминуваат за саат или два, во некои ситуации и три часа, возејќи многу бавно, испуштајќи со часови многу чад од нивните карбуратори, со што, преку своите возила сериозно го загадуваат воздухот во тој дел. Така што, промената на ВМРО со СДСМ, доведе од 5 експресни патишта, една година после доаѓањето на СДСМ едвај да се „тетерави со градба“ еден од нив, оној Градско – Прилеп, а за другите се чека народот да оглупи и да заборави кој ги осмислил, кој целосно подготвил проекти, кој обезбедил финансирање, кој спровел постапки, а во некои од случаите и кој почнал да ги гради и делумно ги изградил. Во тој процес на оглупавување и амнезија треба да помогнат и „независните“ медиуми, кои можеби некој ден ќе објават „ексклузивна“ вест дека владата ќе гради експресен пат од таму до таму, објавувајќи го на начин како да прв пат слушаат за тоа, па и граѓаните ако се присетат дека и порано нешто такво се збореше, да си помислат дека веројатно нешто им се сонило, штом медиумите кажуваат дека сега за прв пат тргнува се околу тој експресен пат, пишува Груевски.

На, следните избори, народот ќе покаже кој е глуп а кој е паметен. Само ја чека својата шанса…

Покрај закочувањето на градбата на експресните патишта Штип – Радовиш, Штип – Кочани и Градско – Прилеп, уште два други…

Posted by Nikola Gruevski on Monday, April 30, 2018

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This