НАРОДОТ ЌЕ СИ ПЛАЌА ЗА ХИРОВИТЕ НА ДИКТАТУРАТА: Државата зема 22.7 милиони евра со високи камати, идните генерации ќе треба да вратат 46.4 милиони евра!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владата денеска се задолжува за нови скоро 23 милиони евра, со високи камати на 30 и 5 години рок за враќање. Со што износот кој ќе треба да го вратиме е 46.4 милиони евра за кредит од 22.7 милиони евра.

Имено државата зема 1 милијарда денари или 16.2 милиони евра со рок на отплата од 30 години со камата од 4.6%, со што после 30 години само за камата државата ќе врати една милијарда и 380 милиони денари или 23 милиони евра. Единствено по логиката на власта може да се земе заем од 16.2 милиони евра, а да се врати 39.2 милиони евра.

Другиот заем од 400 милиони денари, односно 6.5 милиони евра со рок на доспевање од 5 години и со камата од 2% ќе ја чини државата 700 илјади евра на име камата, кои треба да ги платиме за пет години. Значи како држава се задолжуваме 6.5 милиони евра, а враќаме 7.2 милиони евра.

Вкупно денешното задолжување од 22.7 милиони евра ќе ја чини државата 46.4 милиони евра, колку што ќе треба да вратиме како држава вклучувјќи ги и каматите.

Бизнис логиката на власта силно ќе ги подјаде Буџетите на државата во годините што се пред нас. Идните генерации се оптоваруваат со големи кредити и уште поголеми камати, а притоа не гледаме на што се трошат парите, кои сите ние заеднички како граѓани треба да ги враќаме. Нема капитални инвестиции, како што се нови патишта, аеродроми, инфраструктурни објекти и други доходовни проекти, кои се од корист на граѓаните. Јавноста коментира дека само гледаме како се полни администрацијата и како се цедат парите од Буџетот на име тендери на кои добитници често се јавуваат фирми блиски до власта.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This