April 26, 2024, 10:47 pm

Народ без историја е како дрво без корен: Не треба да дозволиме да ни живеат децата со фабрикувана и ретуширана историја

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Носителот на Изборната единица 1 Гордана Силјановска Давкова денеска беше во посета на Сопиште.

-Денес бев во Сопиште, меѓу луѓето кои знаат како се сака и се чува татковината, во местото каде се вее македонското знаме над секоја куќа и секоја тераса.

Треба да овозможиме на нашите деца да живеат тука, да научат како се сака татковината, за да знаат кои се и од каде потекнуваат, за да научат дека народ без историја е како дрво без корен, изложено да го дува силен ветер. Не треба да дозволиме да ни живеат децата со фабрикувана и ретуширана историја.

Велат во Македонија дека наведната глава сабја не ја сече, но јас ви велам да живееме со крената глава, зошто поинаку не ја заслужуваме оваа држава. Не ја заслужуваме нашата историја, нашата уникатна природна убавина и нашето минато. Да не бев Македонка, сигурно ќе посакав да бидам!

Времето на Македонија како фарма заврши, времето на Македонија како мост заврши, времето на Македонија како понижена држава заврши. Сега е време да решиме, дали ќе живееме исправено и со крената глава или ќе живееме како гости во нашата мила Македонија. Велиме горди сме на нашите дедовци, јас ќе речам, време е да ги направиме горди нашите внуци.

Независноста на Македонија не смее да биде на сметка на слободата на Македонците и слободата не смее да ја добиеме на сметка на независноста на Македонија.

Доста Македонецот беше граѓанин од втор ред!
Друга народ не се наоѓа, ама друга власт ДА!
#ИсправиСеМакедонијо
#ОдбериОбнова
#Заокружи14, стои во нејзиниот пост на Фејсбук.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This