- Advertisement -

Република неофицијално дознава дека вчеравечер му се слишило на пратеникот Крсто Мукоски, кој е во притвор во затворот во Шутка од 5 декември.

По интервенцијата на затворскиот лекар, со возило на Брзата помош бил пренесен на скопските клиники на контрола, но набрзо бил вратен во затворот во Шутка.

Мукоски е во притвор во затворот во Шуто Оризари откако Судот на петти декември му изрече мерка притвор за инволвираност во насилствата во собранието судот изрече. Тој штрајкува со глад.

Притворените од 27 април се сместени во супстандардни услови. Ќелии полни со мувла, прозорци од 80-тите од минатиот век кои не функционираат и само 2 часа парно во текот на 24 часа и тоа по еден час наутро и еден навечер, иако надвор има минусни температури.

Премрзнати и под психолошки притисок се притворените од 27 април меѓу кои и оперскиот пејач Игор Дурловски, актерот Владо Јовановски, режисерот Борис Дамовски, архитектот Богдан Илиевски, поранесниот прв човек на МВР Митко Чавков, пратениците Сашо Василевски, Крсто Муковски и Љубен Арнаудов и десетици други кои ќе ја докажуваат својата невиност.