НАСА БАРА ДОБРОВОЛЦИ: За 16.500 евра ќе треба да лежат в кревет два месеца, да читаат и да гледаат телевизија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

НАСА бара доброволци кои за 16.500 евра ќе треба да лежат в кревет два месеца, да читаат и да гледаат телевизија.

Пријавите за огласот завршуваат на 24 мај, а тестирањето почнува во септември.

Целта е тестирање на вештачката гравитација, бестежинската состојба и вселенското зрачење. Учесниците во истражувањето ќе лежат во специјализирани кревети два месеца, за да се види како летот во Вселената, односно изолацијата и просторното ограничување влијаат на човековото тело.

Кандидатите ќе имаат телевизор, списанија и други занимливости, а за оваа „работа“ има само еден услов… Тој што ќе биде примен не смее да станува 60 дена од креветот. Значи, ќе гледа ТВ, ќе чита, ќе јаде и ќе врши нужда лежејќи.

Американската агенција НАСА го води овој експеримент во соработка со Европската вселенска агенција (ЕСА) и Германскиот вселенски центар.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This