НАСА бара кандидати кои ќе поминат една година на Марс

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

За три години отсега човечка нога повторно ќе стапне на Месечината, а неколку години потоа или можеби една деценија потоа човекот ќе го освои и Марс. Илон Маск верува дека тоа ќе се случи во текот на оваа деценија, па неговата компанија SpaceX веќе тестира ракета која треба да го носи човечкиот екипаж на Црвената планета.

Но, додека да дојде до тоа НАСА сака да биде спремна и затоа американската вселенска агенција почнува со подготовки и тестови за живот на таа планета. Имено, неодамна распишаа натпревар за мисија во голем 3Д печатен модул во кој ќе се симулира животот на Марс. Во посебна структура четворица доброволци ќе живеат една година, а НАСА ќе направи три такви мисии.

Целта на мисиите ќе биде тестирање и развој на методи и технологии кои треба да ги спречат или да ги решат потенцијалните проблеми при летот на Марс или на Месечината, велат од НАСА. Агенцијата моментално прифаќа пријави за првата таква мисија наречена Crew Health and Performance Exploration Analog, за која во Хјустон подготвија посебен модул наречен Mars Dune Alpha. Модулот се состои од четири приватни простории за членовите на мисијата, работни простории, медицински станици и простор за одгледување на храна.

Во модулот ќе се симулираат предизвиците со коишто ќе се соочат астронаутите на Марс од типот на ограничени ресурси, проблеми со опрема, доцнење на комуникацијата, но и исхраната ќе биде прилагодена на таквите услови.

Услов за пријавување на оваа мисија е да имате од 30 до 35 години и да имате диплома од STEM, а задолжителен е здравствен преглед како тој што мора да го поминат сите астронаути. Пријавите се примаат до 17 септември, а мисијата треба да почне на почетокот на идната година. Уште не е познат износот кој го плаќа НАСА за учество во оваа мисија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This