НАСА дошла до астероидот кој еден ден би можел да удри во Земјата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По двегодишното “бркање”, сондата на НАСА дошла до астероидот Бену. Роботскиот истражувач Озирис-Рекс во понеделникот се оддалечил 19 километри од вселенското летало, а во орбитата на астероидот требало да влезе до крајот на годината. Ниедно вселенско летало никогаш до сега не пришло до едно такво тело.

Бену се смета за потенцијално опасен астероид, а според проценките на научниците, во непосредна близина на Земјата би можел да се најде за околу 150 години.

Доколку се судри со Земјата, Бену веројатно би направил голем кратер.

Озирис-Рекс треба да собере најмалку 60 грама прашина, што е прв таков обид на САД по една помала мисија на друг астероид, спроведена од Јапонија. Вселенскиот брод нема да слета, туку во 2020-та година со помош на механичка рака од три метри ќе се обиде да собере честички од астероидот.

Планирано е контејнерот со примероци да се врати на земја, поточно во Јута во САД, во наредните неколку години.

“Одвај чекаме да почне истражувањето”, твитувал научникот Данте Лорет од универзитетот во Аризона.

“До Бену и назад”, додал тој.
Бени е оддалечен на 122 милиони километри од Земјата и се проценува дека има дијаметар од околу 500 метри. Научниците ќе соопштат повеќе детали за овој астероид следната седмица, во текот на состанокот во Вашингтон.

Со големина на поголем автомобил, вселенското летало ќе го следи астероидот една година, пред од него да извлече неопходни честички и да се врати на Земјата.

Во меѓувреме, јапонско вселенско летало забележало уште еден астероид кој се наоѓа во близина на Земјата и соопштиле дека ќе тргнат во мисија да земат честички од него.

Овој астероид е наречен Риугу и два пати е поголем од Бену.

Податоците од овој астероид би требало на Земјата да дојдат до 2020-та година.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This