НАСА СЕ ПРОСТИ ОД ТЕЛЕСКОПОТ СПИЦЕР: Неговата мисија траеше неверојатни 6.002 дена

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По својата мисија што траеше 6,002 дена, НАСА ќе се збогува од вселенскиот телескоп Спицер.

Најновите информации што ги собрал телескопот веќе се преземени, а контролата на мисијата ја издаде својата последна команда. Спицер сега ќе влезе во безбеден режим, што значи дека повеќе нема да испраќа вселенски слики назад на Земјата.

Спитцер претставува една од четирите големи опсерватории на НАСА, со телескопот Хабл и опсерваториите на Чандра и Комптон. Благодарение на неговата мисија, добивме зачудувачки инфрацрвен поглед на универзумот.

Шефот на Проектот Спитцер, Џозеф Хант, испрати последен поздрав до вселенскиот телескоп преку Твитер.

https://twitter.com/NASAspitzer/status/1223023276986789888

Истиот беше лансиран во 2003 година, а во тоа време експертите очекуваа неговата мисија да трае само половина декада. Ги надмина очекувањата на сите и беше во функција скоро 16 и пол години.

Тој ни откри многу тајни на универзумот благодарение на неговата технологија за откривање преку инфграцрвени сигнали, што во времето на неговата мисија беше најнапредна на планетата.

Инфрацрвените слики од Спицер прикажуваат сцени кои инаку се невидливи за човечкото око и едноставно одземаат здив.

„Мислам дека Спитцер е пример за едно од најголемите достигнувања на човештвото“, рече Мајкл Вернер, научник кој учествуваше во овој проект (Science Alert).

Меѓу најголемите откритија е откривање на светлина што ја испуштаат планетите надвор од Сончевиот систем, новиот прстен на Сатурн и седум планети од планетарниот систем TRAPPIST-1. Спитцер можеше да ѕирне во почетоците на времето. Тоа помогна да се идентификува најоддалечената галаксија што ја откривме досега.

“Тоа нè научи за целосно ново лице на универзумот и ни даде подобро разбирање за тоа како работи. Тоа ни помогна да го преиспитаме сопственото потекло и сме сами во вселената”, вели Томас Зурбухен, астрофизичар и помошник директор на администрацијата за научни мисии на НАСА.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This