НАСА: Bo 2021 гoдинa ќe дoзнaeмe мнoгy пoвeќe зa Месечината и зa Марс

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

НАСА објави што планира да постигне следната година. Меѓу другото, нејзините активности ќе бидат посветени на понатамошно истражување на Месечината. Најавија и дека ќе го направат следниот чекор кон Месечината.
До 2024 година, НАСА сака да биде прва во историјата на човештвото што испратила жена на Месечината. Покрај тоа, нејзината цел е повторно да испрати и маж. За да се постигнат наведените цели, во 2021 година има намера да ја реализира мисијата „Артемис“, која ќе ја испорача потребната инфраструктура за истражување на површината на Месечината.
Роверот би требало повторно да биде лансиран на Марс за да се земат примероци од оваа планета. По тој повод, тие ќе тестираат уред наречен Мокси, кој ќе се обиде да произведе воздух на Црвената Планета. Покрај тоа, роботски хеликоптер ќе биде тестиран на Марс и ќе се користи за истражување.

НАСА исто така планира да го лансира, како што го опиша, моќниот телескоп „Џејмс Веб“. Со него, тие сакаат да дознаат повеќе за длабочините на универзумот. Исто така, со тоа ќе може да се тестира и можноста за пренасочување на опасните астероиди.
Оваа година исто така треба да се лансира вселенската сонда „Луси“, која ќе тргне на 12-годишно патување. Таа ќе се користи за истражување на антички астероиди. Сателитот „Ландсат 9“, кој ќе ја набљудува планетата Земја, исто така ќе биде лансиран во орбитата.
Понатаму, НАСА ќе продолжи да лансира астронаути и да тестира нови летала, а ќе биде претставена и нова класа кандидати за астронаути.

Најавено е и лансирање на леталото „Капстон“. Покрај тоа што ќе се користи за истражување, неговиот инфрацрвен ласер ќе има цел да ја подобри комуникацијата во вселената.
Тоа не е сè. НАСА ќе работи на развој на првиот целосно електричен авион „Х-57 максвел“, а исто така ќе ја тестира и транспортната технологија – на пр. испорака на пакети со беспилотни летала. Меѓу амбициозните планови е и производството на суперсоничен авион „Х-59“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This