НАСЕР СЕЛМАНИ ЗА ОБИДИТЕ ЗА ЦЕНЗУРА НА МЕДИУМИТЕ: Ако не да на правиме закон колку лаги кажува Владата?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Треба ли да направиме закон за Владата и опозицијата колку лаги кажуваат, по примерот на нивниот предлог да се озакони новинарската етика и да се казнуваат медиумите кои нема да ги почитуваат стандардите, вели претседателот на ЗНМ, Насер Селмани, во дебата на „Макфакс“. Од ЗНМ ја поздравуваат одлуката на Владата да ги прифати забелешките и критиките и да одлучи да го тргне спорниот член 61 од предлог-законот за медиуми, но велат дека ќе почекаат да видат дали тоа навистина ќе се спроведе. На иста линија се и од Советот за етика во медиумите, од каде стравуваат дека ако продолжи да се фаворизира идејата за парични казни за медиумите, ќе се воведе цензура и самоцензура.

 

– Ќе се маргинализира улогата на Советот за етика во медиумите, како тело за саморегулација, ако се продолжи со фаворизирање на таа идеја. Ние сме против тоа да се казнува за непочитување на начелата. Оставете да функционира саморегулацијата, вели Марина Тунева од СЕММ.

Комуникологот Климе Бабунски не се согласува со идејата да се укине членот 61. Според него, отсуството на одговорност и немањето граници може да значи поголем проблем.

– За мене одговорот не е во бришење на членот и на казните туку во спроведување на членот. Сè додека оставаме на добрите практики… Што да очекуваме, сами од себе да престанат лекарите да земаат пари под маса, и новинарите и политичарите? вели Бабунски.

Соговорниците се согласуваат дека се потребни повеќе финансиски средства во реформите за јавниот сервис, но наспроти ставот на ЗНМ за отстапување 1% од буџетот за МРТВ, Бабунски е против владината одлука да се укине радиодифузната такса, толкувајќи ја како директно мешање на државата во џебот на граѓаните.

Во однос на интернет-порталите, учесниците во дебатата се залагаат да остане саморегулацијата без да се вклучат во новиот закон за медиуми, кој е отворен за забелешки на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР) до крајот на месецот.

Во дебатата беа поканети и претставници на Владата, но одбија да учествуваат со образложение дека ќе чекаат финална верзија на законот, со сите забелешки кои ќе бидат доставени и го повторија ставот дека тие немаат намера да бидат мотор на реформите во медиумите.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This