НАСИЛА СЕ МЕНУВА ИЗБОРНИОТ ЗАКОНИК: На сила ги менувате правилата пред изборен процес, ниту еден Изборен законик досега не поминал без согласност на опозицијата!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Вељаноски на денешната седница во Собранието на Република Македонија истакна дека не е соодветно Изборен законик да се носи без согласност на опозицијата зашто никогаш досега избори и Изборен законик не поминале без согласност на опозицијата.

Вељаноски посочи дека точката 12 за Изборниот законик треба под итно да се тргне од дневниот ред и согласно постојниот Изборен законик да се премине на изгласување на Државната изборна комисија кој задолжително треба да биде во согласност и во договор на опозицијата и власта.

– Како мислите да учествува опозицијата и да даде свој придонес во било кои изборни процеси вклучувајќи и референдум доколку на сила го носите овој Изборен законик? Каква порака давате на граѓаните во изборните процеси и референдум да се спроведе согласно волјата на граѓаните кога на сила ги менувате правилата пред изборниот процес?, праша Вељаноски.

Посочи и дека владата од незнаење и зашто и се брзало поставила и сопка на овој предлог бидејќи не побарале изменување на членот каде е одреден рокот од месец дена за избор на ДИК затоа што без тој член изборот на ДИК би се донел со кршење на законот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This