НАСИЛНО СЦЕНАРИО Е ИДЕЈАТА НА ВЛАСТА: ВМРО-ДПМНЕ нема да биде втурнато во насилно сценарио на власта кое ќе се искористи против нашата борба против капитулантското дело

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ денеска гостува во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 телевизија. Тој се осврна и на протестите кои граѓаните ги имаат против промената на името, Мицкоски напомена дека од страна на некои групации се уфрлувале луѓе кои сакале да направат инциденти на протестите.

Тој кажа дека партијата дека подлегна на тоа сценарио, дека не сака да биде дел од играта каде некој од власта ќе направи насилство, па за тоа после ВМРО-ДПМНЕ да биде крива.

-ВМРО-ДПМНЕ нема да биде втурната во сценарио во кое што некој од страна на власта ќе исценира насилство и тоа насилство потоа ќе го користи како аргумент против ВМРО-ДПМНЕ. Слично беше понатаму пермутирано ова сценарио, односно повторно се обидоа преку инфилтрирани групи да фотографираат членови на ВМРО-ДПМНЕ кои што нормално се придружиле на тие граѓани таму и нормално мирно протестираа, изјави Мицкоски.

Тој кажа дека партијата влече поуки од минатото и дека нема да дозволат да бидат дел од туѓи сценарија кои имаат цел што побрзо потпишување на договорот со Грција.

-Видовме како политичар во Република Македонија се качуваше со две знамиња на хауба на транспортер оклопен возило и како полицаец нежно го замолува да се симне, од друга страна недолжни граѓани кои што го искористиле своето демократско елементарно право да излезат ио да протестираат против овој капитулантски чин кој што го направи владата на СДСМ и Зоран Заев се гаѓани со гумени куршуми, со шок бомби солзавци итн. Гледаме како од една страна се применува асиметрична сила врз мирните протестанти а од друга страна човек кој се качува со две знамиња каде полицаец излегува и го замолува да се симне. Зар не ви личи тоа дека е исценирано сето тоа, праша Мицкоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This