НАСИЛСТВОТО НА ПАРТИСКАТА ПОЛИЦИЈА ДОКУМЕНТИРАНО: Еве како партиската полиција на Оливер и Заев вперија пиштол во главата на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Митко Јанчев

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поради страв од пораз на престојните локални избори, паниката кај СДСМ и Зоран Заев кулминира со скандалозни и нечовечки постапки, користејќи ја партиската полиција за закани и бруталност.

Имено, според информациите до кои дојдовме, полицијата на Заев и Оливер Спасовски попладнево му вперила пиштол на глава на кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ.

Станува збор за кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за општина Кавадарци, Митко Јанчев, кој воедно е соосптвеник на компанијата „Кожувчанка“,член на управниот одбор на Стопанска комора на Република Македонија, како и Претседател на Регионалната Стопанска комора- Кавадарци.

Додека Јанчев патувал кон Скопје за конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ, партиската полиција на Заев на брутален начин без никаква причина му вперила пиштол на глава на кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ и го легнала на земја.

Претходно веќе објавивме дека СДСМ во паника и страв од големиот интерес за Конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ која вечерва  ќе се одржи во спортскиот центар „Борис Трајковски“, на најниски можни начини се обидува да ги спречи огромниот број заинтересирани граѓани вечерва да допатуваат во Скопје.

Според информациите до кои дојдовме, полицијата под палка на министерот Оливер Спасовски, во Прилеп и во повеќе други градови ги запирала автобусите полни со симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ и ги праќала на технички преглед, со цел истите да не стигнат на најавената конвенција од опозициската партија.

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This