НАСИЛСТВО И ВАНДАЛИЗАМ: Демолиран штаб и билборди на ВМРО-ДПМНЕ во Кочани

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Партиски штаб на ВМРО-ДПМНЕ во Кочани и повеќе билборди се демолирани синоќа.

Непознати лица извршиле оштетување и нагрдување на штабот, испишувајќи по него пораки со партиска содржина.

-Партијата ги пријави инцидентите во канцеларијата на ОБСЕ и во МВР и побаравме да превземат соодветни законски мерки за пронаоѓање и утврдување на  одговорност на сторителите со цел создавањеуслови за непречено одвивање на предизборна кампања. За жал, демолирањето на партиски штабови, насилството и вандализмот се дел од долгогодишно политичко искуство на нашите опоненти, истакна носителот на листа на ВМРО-ДПМНЕ во Кочани, Лазо Митев.

Тој им порача на сограѓаните дека инцидентите, пораките на заплашување или вандалско однесување нема да ја обесхрабрат партијата да го задржи политичкото достоинство.

Рече дека ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да ја води кампањата на високо демократско ниво со една единствена цел, напредок на општина Кочани.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This