НАСКОРО ЌЕ СЕ ЗНАЕ: До 17 мај ќе се знае дали ќе има решение за името, пишуваат грчките медиуми

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Средбата во Софија е краен датум до кој господинот Ципрас ќе оцени дали можеби има простор да ја преземе политичката цена за решение на македонското прашање, прогнозира грчкиот весник „То Вима“ во анализата за „текот“ на разговорите околу името кои ,веќе не се проследени со насмевки и оптимизам.

Причина се ненадминатите разлики околу опсегот на употребата на новото име и промена на уставот на што инсистира Грција.

Весникот, како што јавува МИА од Атина, укажува на две претстојни средби на Никос Коѕијас и Никола Димитров неделава во Солун и потоа во близина на Атина и на можноста за средба на Зоран Заев и Алексис Ципрас на Самитот во Софија на 17 мај кога треба да се одржи Самитот ЕУ – Западен Балкан.

„Времето тече. Веќе се чини дека двете страни започнаа да размислуваат, не само на добрите сценарија, туку и на начинот на управување на играта со префрлање на вината, во случај на неуспех во преговорите… ако рокот до летото помине, од есен и двете земји влегуваат во предизборен период, пишува „То Вима“ како што пренесува МИА.

Доколку има средба на Ципрас со неговиот скопски колега Зоран Заев во Софија, ќе се донесат конечни одлуки, дали позитивни или негативни, пишува „То Вима“

7 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This