Наследникот на Меркел бара да воведе задолжителна вакцинација во Германија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Идниот германски канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека ја поддржува задолжителната вакцинација против Ковид-19 за да се запре зголемениот број на инфекции во земјата.

Шолц рече дека гледа оти во Бундестагот има дебата за ова прашање меѓу сите партии. Според тоа, Шолц посочил дека ќе ги поддржи таквите прописи на средбата со канцеларката во заминување Ангела Меркел и шефовите на 16 германски сојузни покраини, на која би можело да се одлучи за интензивирање на мерките.

Skopje Man Turned His £200 Amazon Investment Into £7300
Amazon Trader

Според германските медиуми, се размислува за затворање на барови и клубови.

Германија досега ја отфрли радикалната опција за задолжителна вакцинација, која ја избра соседна Австрија.

Неодамна во Германија беше одлучено да се воведе задолжителна вакцинација за персоналот во домовите за стари лица, но и за припадниците на армијата, а тоа наскоро треба да стапи на сила.

Здравствената состојба е доста тензична, денеска имало 452,5 заболени од Ковид на 100.000 жители.

Во Германија досега целосно се вакцинирани околу 57 милиони луѓе или 68,5 отсто од населението.

Задолжителната вакцинација, која мнозинството Германци долго време ја одбиваа, сега ја бараат две третини од нив, односно 64 отсто, покажа неодамнешната анкета на медиумите РТЛ и нтв.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This