March 28, 2024, 12:59 pm

Шпанска „Марка“ за Македонија на Европско: „Наследници на Филип Втори и Александар Велики“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Шпанскиот спортски весник „Марка“ ги претстави најдобрите македонски фудбалери како „наследници на Филип Втори и на Александар Велики“ и како „Пепелашка на Евро“ во својот напис на точно еден месец до Европското првенство во фудбал.

„Планот на УЕФА за селекции со помала традиција да можат да размислуваат за ЕП ја има Северна Македонија како прво искуство. Балканскиот тим е единствениот кој дебитира во последната фаза и тоа го прави благодарение на формулата за плејоф во Лигата на нации во 2019 година.

Со Пандев, на 37-годишна возраст на кормилото, наследниците на Филип Втори и на Александар Велики тргнаа како Пепелашка на Евро, но нивното бунтовно предупредување не беше мало: победа над Германија на нејзин терен во квалификациите за Светското првенство во Катар“, пишува „Марка“ во делот од написот за ЕП со поднаслов: „Македонија дебитира“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This