НАТОЧИЛЕ 6.000 ЕВРА ГОРИВО СО СЛУЖБЕНИ КАРТИЧКИ: Возачи вработени во „М-НАВ“ си точеле гориво со службени картички!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Тројца возачи вработени во „М-НАВ“ со картички за гориво од бензинска пумпа, кои биле наменети за набавка на гориво за службените возила набавувале гориво за приватни возила со што ја оштетиле компанијата за околу 6.000 евра.

Според СВР Охрид станува збор за Ј.З.(53) од струшкото село Делогожда, Р.И.(48) од струшкото село Горно Татеши и Б.В.(45) од селото Велешта. Против тројцата е поднесена кpивичнa пријава за злoупoтpeба на службена положба и овластување. ИСтрагата утврдила дека ocoмничeнитe во периодот од јануари лани до 23 јуни истата година како возачи во „М-НАВ“ АД Скопје-АКЛ Охрид, со картички за гориво од бензинска пумпа, кои биле наменети за набавка на гориво за службените возила на наведената компанија, набавувале гориво за приватни возила за што прикажувале лажни сметки и налози. Со ова пријавените на „М-НАВ“ АД Скопје му нанеле материјална штeтa од 382.363 денари.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This