April 19, 2024, 12:07 am

НАТО Е ТЕРОРИСТИЧКА ОРГАНИЗЦИЈА: Пратеник од партијата на Ердоган смета дека НАТО е терористичка организција и непријател на Турција!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пратеник од владеачката партија за Правда и Развој се сомнева во обврската кон НАТО како клучен сојузник, велејќи дека блокот поддржува обиди за насилна промена на власта во Анкара и поддржува терористички групи во регионот
turcija_NATO

Самил Тајар, кој го претставува југоисточната провинција на Турција, Газијантеп, во интервју за дневниот весник „Милет“ ја нападнал воената алијанса, опишувајќи дека од зачленувањето на Турција во 1950-те, истата има негативна улога во Турската историја.

„НАТО отсекогаш е одговорна за валканите и крвави настани во земјата. Во 1960 воениот пуч беше организиран од Британците, во 1971 од ЦИА, а во 1980 пучот беше организиран од НАТО“, вели Тајар, пренесува Хуријет.

Пратеникот смета дека во иднина во НАТО нема да има место за актуелнот претседател на Турција и лидер на АКП Реџеп Таип Ердоган.

Далеку од тоа да биде партнер, НАТО „стана закана во ширењето на терорирстичките организиации во регионот“, вели Тајар, додавајќи дека треба да биде третирана на ист начин како и останатите нерпијатели на Турција, како ИСИС или Курдистанската работничка партија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This