НАТО ИЗГОРЕ ВО МАКЕДОНИЈА, МИЛЧИН СЕ НАЛУТИ: Преписка помеѓу Владимир Милчин и Љупчо Палевски поради НАТО!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Палењето на знамињата на НАТО и ЕУ како одраз на чувството на мнозинството во Македонија предизвика и потреба за реакција од оние кои ја бранат, или пак се платени да ја бранат оваа опција

Веднаш по палењето на знамињата, со двоумици се јави и мозокот на операцијата „Отворено општество“ финансирана од Џорџ Сорос во Македонија, Владимир Милчин кој се потруди да ги навреди луѓето кои ги палеле знамињата и на тој начин го искажале своето незадоволство кон овие организации поради нивната неприципиелност кон Македонија.

„Не ги разбирам

Не ги разбирам антинатовските изблици на Македонците кои во потрага по подобар живот се иселиле во земји членки на НАТО. Многумина од нив се и државјани на земји членки на НАТО. Од даноците кои тие ги плаќаат во новите татковини се финансираат армиите на НАТО. Не разбирам зошто својата војна против “НАТО зликовците” не ја водат таму каде што живеат, заработуваат и плаќаат даноци.

Не ги разбирам ни Македонците кои се крстат во Путин, но не бараат подобар живот во Русија, туку во земјите на напизмените НАТО и ЕУ.

Не ги разбирам Македонците кои своите воспалени одбрани на македонскиот јазик ги чкртаат на латиница.

Не ги разбирам Македонците кои се скарани со кирилското писмо и со правописот на македонскиот јазик.

Не ги разбирам Македонците кои размената на мислења ја разбираат како размена на клетви и пцости.

Не ги разбирам Македонците кои љубовта кон народот ја искажуваат со пизмење, колнење и пцуење на сонародниците.

Не ги разбирам Македонците кои сонуваната македонштина од далечина ја бранат со клетвите фрлани најмногу по оние кои го обезбедуваат опстанокот на постоечката Македонија во балканскиот котел.“ – напиша Милчин.

На ова му одговори и екс-претседателот на градската организација на СДС Љупчо Палевски, кој наместо со паушални изјави ги аргументираше неговите изјави.

„#МИЛЧИН што не разбрал:
1. #Јуанот од 18 Јануари е резервна валута во Бундес банка.
2. #Петројуанот во првото тромесечје ќе покрие од 15-30% од вкупното тргување со НАФТАТ.
3. #Австрија, Унгарија, Швајцарија, Словачка, Чешка…… нема нитту близи либерални типови произведени во ОТВОРЕНО ОПШТЕСТВО, макар и левичари, нема ниту еден релевантен, секаде дебело губат подршка.
4. #ПАТРА е најголемата инфраструктура на ЕУ на средоземјето во рацете на Кина, со согласност на ЕУ, не е дива зделка, како твојата шарена револуција.
5.Топ тема во сите Атлантистички списанија е распадот на либералните демократски политики, само Владе не е од тука, појма нема од Прилеп е.
6. Најголем инвеститор во централна Европа е Кина, а Милчин не знае не разбира.

Видиш #Милчин не се клетви, туку глобални сериозни случки, а види молим те Путин не е во ниту една од нив.
Што се однесува до Путин, госпон Милчин, само накратко неколку аргументи битни и геополитички, големи во долари и рубљи, а немаат врски со режија на драми.

1. #НОВАТЕК е огромна компанија која експлатира гас во азиска Русија, а пред неколку Месеци, Катар и Гленкор од Швајцарија инвестираа 10 миљарди долари во неа.
2. #Катар, државната компанија, купи 20% од #Газпром пред година дена. Денес Катар, не ја слуша УСА и си шитка гас преку Газпром директно во Германија за €.
3. #Норд стрим 2, заедно со првиот каде е директор Герхард Шредер ќе испорачува околи 110 миљарди кубни метри гас, со што Германија и Русија ќе ја обезбедат цела ЕУ со гас, евтин природен гас.
4. Она што незнае Милчин е состојбата со НАФТАТА во ЕУ. Русија ја снабдува ЕУ со нафта и тоа цели 50% од потребите на најголемиот светски пазар со НАФТА, па се надевам знаеш кој е #Роснефт, еве ти ја статистиката на #ЕУстат, па читај Владе, тогаш ќе знаеш, зошто сум против #НАТО.
Сакате рекет на Кина да правите на коридор 10 бе Владе, Ве заболе, за народ и човекови права, се согласувам, како идеолошки непријател си најголемиот, затоа и те почитувам, па земав накратко мала лекција за Македонија, каде се наоѓа и каде ќе се интегрита. Остај приказни за Путинољупци и слични работи, мојата патриотска маленкост, ме натера да го прочитам Хантингтон, да дигнам глава, да ги видам аргументиве, тазе кои се во моментов, за да закључам дека НАТО е душманот на Македонија.
Владе, Владе, старо дртле си, време е од младите патриоти нешто да научиш. Јас не сум #АНТИГЛОБАЛЕН, туку #МУЛТИПОЛАРЕН, знам дека знаеш, Македонија ќе просперира единствено во #МУЛТИПОЛАРЕН свет на Хантингтон, не на #НАТО, кој го ебе #НАТО. Последнава вулгарност беше заради твојот опис за патриотите дека се неписмени, па за да се вклопам на крајот малку зачинив.
Не отварам досие за 1968, на Тадиќ татко му, академикот и актуелната директорка на Отворено општество за Балкан. Испочитувај ја Македонија, оваа која те родила, на сред Прилеп, Владе, Прилеп, неее Вашингтон.

Читај податоци за НАФТА во ЕУ и не кењај.“

13 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This