April 25, 2024, 12:53 am

НАТО ИМА И „ПЛАН Б“ ЗА МАКЕДОНИЈА: НАТО има и план да влезе во Македонија, ако Скопје и Атина не се договорат

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонското државно, идентитетско и црквено прашање е толку комплексно што решение немаат ниту Грците, ниту Македонците, ниту Бугарите, ниту Албанците но ниту Европската Унија и НАТО, вели за Спутник српскиот историчар Александар Раковиќ и додава дека просторот на Косово и Метохија и Македонија можеда се спореди со Светата земја и Ерусалим

Подобро е да се остават овие прашања и да се решаваат во некое подобро време кога ќе има можност да се решат на правичен начин отколку што тоа е денес.

За медиумските наводи дека договорот е близу, Раковиќ вели дека тоа се спинови на НАТО и ЕУ за Македонија да може по моделот на Црна Гора да влезе во НАТО.

Сепак, влезот во НАТО е единствен начин за влез на Американски трупи во Македонија.

„Тие тоа би можеле да го направат и на основа на некој билатерален договор“, вели Раковиќ и објаснува дека Владата во Македонија едноставно би можела да го повика НАТО со цел помош во чувањето на границата.

Тоа што додатно би можело да ја загрози и онака кревката ситуација во Македонија е попис на населението. Раковиќ е загрижен дека Американците би можеле да се обидат да наметнат нов попис во Македонија бидејќи оној започнат во 2011. година никогаш не е завршен и никој не споменува кога повторно би можел да биде организиран.

„Тогаш во албанските и турските општини беше видлив обид за фалсификување на пописот. Американците имаа намера 40% од населението да го препишат на Албанците, иако Албанци нема толку во Република Македонија. Тоа автоматски значи преобликување на изборните списоци. Кога имате 40% Албанци со право на глас лесно меѓу Македонците ќе најдете уште десет проценти и ќе дојдете до половично мнозинство. Секогаш имате десет процетни луѓе кои се спремни да ги издадат националните интереси“, објаснува Раковиќ.

Тој додава дека Македонија со така фабрикуван попис би дошла во опасна ситуација во која би се согласила на промена на името и идентитетот на државата.

„Албанскиот фактор значи може конкретно да наруши се со поддршка на Соединетите Американски Држави на прво место“, истакнува Раковиќ.

Историчарот Раковиќ смета дека ниту Грците ниту Македонците не се сосема во право. Тој објаснува дека не можат Грците да полагаат ексклузивно право на името „Македонија“ и да влечат корени само за себе од античките времиња.

„Историските околности се промениле, во еден момент словенските народи станале мнозинство во однос на хеленските. Значи, додека словенските Македонци се обидуваат да превземат дел од историјата, Грците се обидуваат да го одземат правото на словенските Македонци да го носат името за својата држава па дури и за својата нација која им припаѓа по историското право и континуитет на претстој на Словените на тој простор“, вели Раковиќ.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This