April 18, 2024, 10:26 pm

НАТО ИСПРАЌА ТЕШКИ СТРАТЕШКИ БОМБАРДЕРИ НА ГРАНИЦАТА СО РУСИЈА: Зголемен бројот на летови на стратешката авијација на НАТО и САД

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Само во текот на минатата недела дури 23 странски авиони имали извидувачки летови на руската граница, пишува „Црвена Ѕвезда“, гласило на руското Минситерство за одбрана, наведувајќи истовремено дека ловците на дежурните сили на противвоздушната одбрана шест пати морале да полетаат за да ги пресретнат и спроведат странските летала.

Заемник претседателот на комиететот на Државната дума за одбрана Јуриј Швиткин изјави дека Москва располага со информации за тоа дека е зголемен бројот на воени вежби на НАТО во близина на руските граници и потврди дека е зголемен бројот на странски извидувачки летови. Тоа како што рече, е поврзано со одредени тензии, кои ги ствараат САД и поедини земји од НАТО блокот.

„Нарушувањето на воздушниот простор на Руската Федерација е недопустливо“ истакнува весникот.

„Денес САД го открија своето право лице и изрично изјавија дека ќе направат се можно раководството на Русија и нашиот народ да го променат актуелниот курс за да играат по нивните правила. Тоа е, секако, недопустливо. Ние нема да играме по нивни правила“, рекол Швиткин.

Рускиот воен експерт наведува дека интензитетот на извидувачките летови на американската и авијацијата на НАТО во близина на руската граница значајно пораснал по влезот на Крим во составот на Русија, но предупредуваат и дека се зголемил бројот на летови на американската стратешка авијација.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This