НАТО НА РУСКАТА ГРАНИЦА: Воени маневри на НАТО ќе се одржат ова лето во Летонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Повеќе од 500 војници од земјите на НАТО ќе учествуваат во вежбите „Силл/Хеџхог“ кои се одржуваат во Летонија од 5. до 13. мај, соопшти во петокот прес-службата на Министерството за одбрана на Летонија

Во вежбите ќе учествуваат војници од Естоија, борбена група на НАТО во Литванија со која раководи Канада и борбена група на Северноатлантската алијанса во Естонија со која раководи Велика Британија.

Во Летонија во наредниот период ќе бидат одржани уште неколку воени вежби. Од 15. до 25. мај се планирани воени вежби „Сејбер Најт 18“ со учество на војници од Данска, Естонија, Летонија и Литванија.

Од 3. до 15. јуни се предвидени вежби „Сејбер Страјк 18“, во кој ќе устевуваат војници од САД, Естонија, Летонија, Литванија и борбени групи на НАТО во Летонија.

Од 8. до 16. јуни ќе се одржат заеднички вежби на копнените и воздушните сили „Самер Шилд 15“, а од 10. до 20. јуни вежбата „Свифт Респонс 18“ под водство на воздухопловно десантната дивизија на САД.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This