НАТО СЕ ИЗЗЕМА ОД СПОРОТ ПОМЕЃУ ТУРЦИЈА И ГРЦИЈА: Спорет Столтенберг, „сојузниците“ од НАТО може и да завојуваат поради билатерални проблеми

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лидерите на Турција и Грација треба сами да ги решат прашањата што предизвикуваат тензии во односите меу двете земји, бидејќи тоа не е работа на НАТО, изјави генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг.

– Мислам дека одредени недоразбирања што се појавија меѓу нив треба да се решат во рамките на добрите односи. Бев многу среќен кога дознав дека премиерите на двете земји во последиот телефонски разговор се согласиле проблемите да ги решат преку дијалог, вели Столтенберг во интервју за турската агенција Анадолија.

Столтенберг, кој утре ќе допатува во посета на Турција, нагласува дека вратата на НАТО останува отворена за прием на нови членки, за што најдобриот доказ е приклучувањето на Црна Гора кон Алијансата минатата година.

– Продолжуваме да работите со Македонија, Босна и Херцеговина и Грузија. Давајќи им поддршка на трите земји кои сакаат да бидат членки, ние им помагаме да ги постигнат нивните евроатлантски цели, додава првиот човек на НАТО.

Столтенберг во интервјуто нагласува дека целта на неговата посета на Турција е подготовката за престојниот самит на НАТО во јули во Брисел, додавајќи дека со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, со шефот на дипломатијата Мевлут Чавушоглу, и со министерот за одбрана Нуретин Џаникли ќе разговара за повеќе регионални и глобални прашања.

Според мего, Турција е значаен и клучен сојузник на Алијансата пред се поради нејзината стратешка положба и затоа ги смета за многу важни консултациите со турските лидери околу подготовките за Самитот во Брисел на кој ќе се разговара за повеќе значајни теми во однос на тоа како НАТО да се адаптира во услови на зголемени безбедносни предизвици.

– Турција е важна за НАТО, но и НАТО е важен за Турција, истакнува Столтенберг во интервјуто.

МИА

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This