НАТО СЕ ОДЛОЖУВА: Палмер изјави дека ако не сега, Македонија ќе влезе во Нато за неколку месеци

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан Метју Палмер изјави дека е уверен оти Македонија наскоро ќе стане 30. членка на НАТО.

Останаа извесен број членки кои треба да го ратификуваат протоколот за пристапување, вклучувајќи ги и САД. Тоа бара интерна процедура во Сенатот и се надеваме дека се ќе биде завршено до декември. Доколку тоа не се случи, тогаш ќе одредиме некој друг датум за неколку месеци, рече Палмер во интервју за Радиотелевизија Црна Гора, пренесува РСЕ.

Според него, САД се залагаат за стaбилен Западен Балкан интегриран во евоталтанските институции, за разлика од Русија која сака регион заснован врз нереди и недоверба.

Западен Балкан го гледаме како член на семејството на западни земји, интегрирани во евроатлантските институции, како земји со кои се соработува врз основа на правила и норми. Русите покажаа дека сакаат регион заснован врз нeрeди и на нeдоверба. Мислам дека тоа најјасно го видовме во Црна Гора кога Русите го поддржаа државниот удap во 2016 година за да се cпрeчи земјата да влезе во НАТО, рече Палмер.

Специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан смета дека „Русите не завршиле со нaстојувањата да прават пpoблеми во Црна Гора и на Западен Балкан“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This