СЛОВЕНИЈА СЕ ПОВЛЕКУВА ОД ИРАК: Враќањето на војниците од Ирак не наштети на угледот на Словенија, вели Пахор

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Одлуката предвреме да се вратат дома словенечките војници кои беа на мисија во Ирак не наштети на угледот на државата. Ова го изјави претседателот Борут Пахор, по бројните критики во јавноста и политичарите дека Словенија го изгубила меѓународниот углед со ваквото решение.

– Весел сум дека јавноста мисли дека не смееме да носиме брзи одлуки. Ако сакаме и понатаму како членка на НАТО со нашите сојузници да учествуваме во мировни мисии, тогаш и мислење на јавноста е многу важно. Воедно мораме да разбереме дека тоа јавно мислење, ако има жртви, може многу брзо да се смени, изјави Пахор.

Тој и владата по одлуката да се повлечат војници од Ирак, беа под жестоки критики од опозицијата и дел од јавноста, дека со ваквата одлука директно наштетиле на угледот на армијата и државата.

Инаку, Словенија беше првата и до денес единствената држава, која по иранските ракетни напади во Ирак, одлучи да ги врати своите војници дома.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This