НАТО со големи пpoблеми: Германски пратеник посакува pacпад на НАТО

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Германскиот парламентарец Александар Ној се согласува со францускиот претседател Макрон за дека НАТО е во криза, и вели дека распадот на пактот е добредојден.

„Соединетите држави, заедно со Турција, му копаат гроб на НАТО а попатно го искористуваат само за своја корист“, вели представникот на левичарската партија, Александар Ној, пренесува Б92.

„До неодамна, Америка тежнееше исклучиво кон остварување на своите интереси, вклучително и она што го направија преку НАТО, а веќе неколку години сме сведоци дека Турција го следи тој тренд.

НАТО се распаѓа и јас го поздравувам тоа со раширени раце“, вели Ној.

Изјавата доаѓа речиси една недела откако францускиот претседател Емануел Макрон прогласи мозочна смрт на НАТО, алудирајќи на непредвидливоста и неможноста да се потпира на САД додека е претседател Доналд Трамп.

Изјавата на Макрон наиде на критики од германската канцеларка Ангела Меркел и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This