НАТО СО ДВОЈНИ АРШИНИ: Секој обид да се влијае на изборниот процес во една земја однадвор е неприфатлив, но не и кога се работи за Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во момент кога сакаат да ја поништат победата на Трамп со наводна вмешаност на Русија во изборот на Доналд Трамп за претседател на САД, првиот човек на НАТО, Јенс Столтенберг, нагласи дека не можат да се толерираат надворешни обиди да се мипулира со изборите во една земја.

20170112_Stoltenberg_afp-520x368

-Секој обид да се интервенира, да се влијае на изборниот процес во една земја однадвор е неприфатлив, рече Столтенберг по состанокот со новозеландскиот премиер Бил Инглиш во седиштето на НАТО во Брисел, коментирајќи ги руските кибер-напади и хакирањето во текот на претседателските избори во САД во ноември минатата година.

Трамп постојано ги обвинува разузнавачките служби на САД во врска со нивното тврдење дека лично претседателот на Русија, Владимир Путин, наредил кибер-напад врз Хилари Клинтон за да му помогне нему на изборите.

Изјавата на Столтенберг е интересна од аспект што ги изразува двојните аршини на НАТО и САД. Мешање однадвор во изборниот процес на суверена земја е неприфатливо и треба да важи за секоај суверена земја, каква што е и Македонија. Но, изборниот процес во Македонија помина под голем притисок и директна вмешанст на некои амбасадори.

За таа цел, ИК на ВМРО-ДПМНЕ издаде проглас, во кој меѓу другото, беше нагласено дека ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи понатамошно мешање на амбасадори во внатрешно- политичките прашања на земјата и бараме да останат во рамките на своите мандати и овластувања како дипломати.

Државата мора суверено да ги носи одлуките. Некои амбасадори почнаа премногу да се мешаат во внатрешната политика на земјата. Тоа мора да запре. Остануваме отворени за комуникација со сите амбасадори и претставници на други држави, но некои амбасадори кои почнаа премногу да се мешаат во внатрешната политика мора да престанат да го прават тоа. ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи понатамошно мешање на амбасадори во внатрешно- политичките прашања на земјата и бараме да останат во рамките на своите мандати и овластувања како дипломати.

ВМРО-ДПМНЕ го напушта форматот на состаноци и преговори со други политички партии во кои учествуваат амбасадори, странски посредници, претставници на други држави, а на кои се преговара или се носат одлуки за кои во секоја држава одлучуваат претставниците избрани од народот.

ВМРО-ДПМНЕ во иднина нема да прифаќа нестандардни или хибридни решенија во било кој сектор доколку истите ги нема во други земји -членки од Европската унија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This