March 28, 2024, 10:09 am

НАТО ЌЕ ЈА ВОВЛЕЧЕ МАКЕДОНИЈА, ЗА ДА ЈА КОРИСТИ КАКО БАЗА: Амбасадорот предупреди, НАТО ќе ја направи државата база од каде ќе се напаѓа Руската Федерација!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

– Денес во 10 часот изутрината беше отворена книга на жалост во спомен на загинатите во Кемерово. Наредната недела, според христијанската традиција, на деветиот ден по смртта на луѓето ќе одржиме молебен во црквата Св. Архангел во Автокоманда – вака рускиот амбасадор ја започна денешната прес конференција, по што ги замоли присутните на едноминутно молчење во чест на загинатите

Нашите британски колеги започнаа со политичко-пропагандна хајка против нас, а во врска со случајот во Солзбери, истакна амбасадорот категорично демантирајќи ги информациите.

– Категорично ги отфрламе неоснованите обвинувања кои немаат никави докази, обвинувањата од страна на Лондон содржани во колумната на британскиот амбасадор Чарлс Гарет објавена во „Независен весник“ во врска со вмешаноста на Русија во атентатот на Сергеј и Јулија Скрипаљ, како и врз животите на други лица. Ние постојано повикуваме Лондон да изврши заедничка и сестрана истрага трагедија. – изјави Рускиот амбасадор во Македонија Олег Шчербак.

За жал британските власти, спротивно на сите меѓународни норми, етиката и секоја рамка на здравиот разум одбиваат соработка со Русија, одбирајќи политичка и пропагандна војна за демонизација на Русија без притоа да се прикажат никакви докази, објасни Шчербак, додавајќи дека, се одвива подигање на тензии и демонстрација на сила во близина на Руските граници.

„Врз основа на уцена, брутален политички притисок со повици за евроатлантска солидарност, инспирирано е неосновано протерување на руски дипломати од низа на земји како и најавен е целосен комплекс на мерки против Руската држава“

„Со големо жалење, меѓу кои и Македонија потпаднаа под влијанието на овие непријателски во однос на Русија чекори. Потпаднаа на повиците на Лондон да му веруваат, и на сметка на нашите билатеални односи донсена е избрзана одлука за протерување на нашиот дипломат“ – објасни амбасадорот.

Однесувањето на бритнаските власти исто така отвара голем број на прашања, објаснува амбасадорот, додавајќи дека ниту Британците не знаат за што точно се работи во случајот од Солзбери. Истрагата исто така ги крши и најосновните човекови права.

„Се премолчуваат и информации за тајната лабараторија на воениот ресор на Велика Британија во Портон Даун која се наоѓа на неколку милји од Солзбери, каде е прозиведено и хемиското оружје ‘Новичок’ суперубиец под шифрата А-234“ – открива амбасадорот.

Од јавноста се кријат и податоци дека во тој реон пред труењето на Скрипаљ, се одржувала и обука наречена „токсична кама“ во која се вежбале настани при хемиско и биолошко загадување.

Доколку не бидат обезбедени докази за атентатот на Скрипаљ, на нашите државјани, тогаш ќе го сметаме ова за воена провокација на Велика Британија, која се користи во пропагандни цели за предизвикување на анти-руска хистерија. Амбасадорот потсети дека Британската страна е должна да обезбед докази и да ги поткрепи овие тврдења.

Амбасадорот открива и дека македонските власти не сакале да обезбедат ниту еден доказ за наводната шпионска работа на протераниот амбасадор, оценувајќи го потегот на МНР како потег без преседан во историјата на Руско-Македонските односи, а со тоа и прв непријателски чекор кој го превземала Македонија.

„Руската Федерација е постојана членка на СБ во Обединетите Нации, и одговорно се однесува кон своите меѓународни и билатерални односи. Нашата држава има длабоки корени во дипломатијата и меѓународните односи, и не се брзаме во одлуките и нашите чекори. Меѓународната пракса во дипломатијата, протерувањето на дипломат претспоставува сериозен и непријателски чекор, и ние ќе превземеме соодветни контра-мерки.

„Нашата позиција воопшто не е нова. Овој став на нашите Македонските колеги е изнесен повеќе пати тука во Македонија и јас како амбасадор, повеќе пати овој став го изнесов. Поради тоа сите обиди нашите предупредувања да се толкуваат како некои закани на адреса на Р.Македонија се потполно фејк“.
„НАТО претставува единствен политички-воен блок во светот, вистински рудимент и инструмент на Студената војна со многу строга блокова дисциплина кој се крие позади евроатлантски вредности. НАТО Алијансата е виновна за почетокот на многу агресивни војни во кои загинаа милиони луѓе. Потсетете се на разрушувањето на Југославија, Ирак, Либија, Сирија, Авганистан, Јемен. Со својата воена доктрина, НАТО и лидеротна алијансата САД официјално и јавно Руската Федерација ја прогласија за непријател“ – вели Амбасадорот и додава, „како би можеле да ги поздравиме обидите Македонија да се вовлече во НАТО и да се претвори во база за воената инфраструктура на алијасната и евентуално офанзивни воени трупи на оваа Алијанса. Од своја страна како одговорни граѓани на својата земја треба да размислите дека по зачленувањето на НАТО ќе станете дел од воената машинерија на НАТО, и доколку се случи агресија на НАТО кон Русија вие ќе бидете мета на возвратен удар. Дали тоа ви треба на вас и вашите деца?“ – прашува Амбасадорот.

50 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This