Натрапникот од Кипар продолжува да ја прогонува Цеца и во Белград!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Српската фолк ѕвезда Цеца Ражнатовиќ преживеа драма кога извесен О.Л. упадна во нејзината вила на Кипар и таму помина неколку дена. Меѓутоа, откако тамошните органи го приведоа и депортираа за Србија, тој продолжи да ја пр огонува и таму.

Штом пристигнал во Белград, отишол во црквениот храм Света Сава и таму ја барал пејачката, пишува српски Курир.

Се случуваше среде бел ден, неочекувано. Беше непријатно и вознемирувачко. Непознат човек влета во зградата и почна да вика како Цеца е негова жена, дека ја сака и бара да ја види. Обезбедувањето се обидело на убав начин да му објасни дека пејачката не е во зградата, дека тој се наоѓа во простории на црква и го замолиле да не вика. Меѓутоа тој не ги слушал, а бил насилен и агресивен. Луѓето виделе дека имаат работа со пс ихични не ст абилна личност и го исфрлиле надвор“, вели добро известен извор.

Цеца била многу вознемирена од ова случување.

Да, слушнав што се случило и тоа не е нималку пријатно. Таа вест ме потресе. Се чувствувам загрозено, но верувам дека ситуацијата ќе се смири и дека тој човек ќе сфати дека е непримерно тоа што го прави“, вели пејачката за споменатиот медиум.

Потсетуваме, за време на притворањето на Кипар, О.Л постојано повторувал дека пејачката е негова жена.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This