March 28, 2024, 11:25 pm

НАУКАТА ДОКАЖА ДЕКА ИСУС ХРИСТОС ПОСТОЕЛ: Три историски докази дека Исус Христос постоел!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Научниците сметаат дека Исус Христос навистина постоел и дека луѓето не би можеле да го измислат

Можеме ли да докажеме дека Исус Христос навистина одел по земјата пред отрпилика 2000 години? Не навлегувајќи во духовното, науката навистина би требало да пружи таков одговор поради феноменот кој моментално има 2.3 милијарди следбеници ширум светот. За жал, вистината за тоа не е така едноставна.

Еве три докази за постоењето на Исус Христос како реална особа, ако ги занемариме метафизичките размислувања.

1. Пишани трагови

Претпоставената рамка на животот на Исус, почнувајќи од нулта година, не било време во кое информациите можеле да се шират со голема брзина. Не бидејќи немало интернет или телефон, туку немало ниту печатени книги. Затоа требало доста време некоја информација да се проири.

И покрај таквите ограничувања неколку децении по животот на Исус, неговото име почнало да се појавува во списите на еврејските и римските историчари, па во десетина христијански текстови, пишува др. Симон Гатеркол, експерт за Новиот завет во Кембриџ, пишува „Биг Тинк“.

Писмата на апостолот Павле од периодот помеѓу 50. и 60. година се најстарите текстови кои го споменуваат Исус. Тие исто така содржат практични упатства за се поголем број на христијани за тоа како да живеат во склад со нивната вера.

Првиот нехристијански писател кој зборува за Исус бил еврејскиот историчар Јосиф Флавиј, кој живеел во првиот век. Тој го споменува Христос во својата историја на Јудеизмот.

Во книгата Исус се појавува два пати – првиот пат во необична одломка за братот на Исус и вториот пат во параграф чија автентичност се доведува во прашање. Историчарите мислат дека христијаните го промениле неколку векови подоцна бидејќи сакале да го покажат Христос во подобро светло. Оттука и овој дел.

Исус го споменуваат историчарите Плиниј Младиот и Тацит. Во Тацитовите „Анали“ од 115. година се споменува Понтиј Пилат, со што се алудира на Исусовото распетие, а таа случка временски кореспондира со христијанското евангелие. Тацит не бил голем обожавател на христијанството. Плиниј Младиот, кој пишува писма за царот Трајан околу 112. година, ги опишал христијаните кои го следат Исус како Бог.

2. Сведоци

Според др.Гатеркол, најраните христијански списи за Исус доаѓаат од Павле. Првата од нив датира најдоцна околу 25 година по смртта на Исус, помеѓу 50. и 60. година.

Од друга страна, биографските записи за животот на Исус во Новиот завет потекнуваат околу четириесет години по неговата смрт.

Тие временски распони откриваат дека записите за животот на Исус ги направиле луѓе кои биле живи и го познавале, или пак познавале луѓе кои го познавале Исус.

Извештаите на сведоците исто така прилично добро одговараат на она што нам ни го говорат други извори на информации за животот во Палестина во првиот век. На пример, бројни луѓе кои иделе кај исцелител како Исус се потврдуваат низ археологијата, што нам ни говори дека жителите на тоа подрачје се бореле со боелсти како туберколоза.

За време на проучувањата на археолошките остатоци од Палестина откриено е дека помеѓу две третини и три четвртини од гробовите содржеле посмртни останки од деца и адолесценти, вели археологот и професор по историа на Универзитетот во Флорида Бјурон Мкејн.

Тој нагласува дека во тоа време била голема смртноста кај децата и дека оние кои наполниле 15 години биле прави среќници, пренесува хрватски „Експрес“.

Секако, сето тоа и понатаму не докажува дека Исус Христос постоел. Др. Гатеркол смета дека едноставно нема смисла писателите да измислуваат таков човек и така темелно да го опишуваат и тоа уште во време на Римското царство кога постоела голема недоверба кон јудаизмот.

Со тоа се сложува и Макејн во својот разговор за „Нешнл Географик“. Тој вели дека не може да замисли ниту еден друг пример кој така добро се вклопува во тоа време и тоа подрачје и дека би било неверојатно да се измисли таква особа.

3. Артефакти

Постојат повеќе реликвии поврзани со Исус, но ниту една не е докажана како несомнено автентична. Тоа го вклучува и познатото „Торинско платно“, на кој е негатив од лицето на Исус. Некои дури тврдат дека тоа е парче платно на кое Исус бил замотан по распетието. Науката и понатаму расправа за таа можност.

Уште една позната реликвија со сомнителна автентичност, а тоа е „Светиот Крст“. Постојат стотина фрагменти од дрво за кои многу луѓе низ историјата тврдат дека се делови од крстот на кој е распнат Исус. Многу од тие фрагменти се наоѓаат во разни европски цркви и покрај малата потврда дека навистина припаѓаат на крстот на кој е распнат Исус.

Меѓу останатите наводни реликвии поврзани со „Светиот Крст“ се наоѓа и „Круната од трња“ која му е ставена на главата, шајките со кој е пробиен и „Марамата на Вероника“ со која е забришана потта од неговото чело додека го носел крстот.

„На темелот на доказите кои ги имаме, може ли било кој со сигурност да каже дека Исус навистина постоел пред отприлика 2000 години? Иако е невозможно да се дојде до неоспорен доказ, оние кои ги проучуваат деталите веруваат дека некој наречен Исус Христос навистина живеел во тој временски период на тоа подрачје“, вели археологот Ерик Мајерс, професор на еврејски студии на Универзитетот Дјук.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This