April 18, 2024, 10:25 pm

НАУМ СТОИЛКОВСКИ: Власта тоне во својата бесрамна однароденост

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Од ВМРО-ДПМНЕ со нова реакција до јавноста, прашуваат зошто власта и натаму молчи за зборовите „искомплецирана нација“ искажани од страна на министерот Димитров, како и за министерот Спасовски за цветањето на криминалот во земјата. Повторно опозицијата побара оставки од овие двајца министри.

-Власта тоне во својата бесрамна однароденост. Се уште нема никаква реакција од власта, нема одговори по тешките навреди, нема одговорност по се оно што го кажа министерот за надворешни работи, Никола Димитров за македонскиот народ. За Димитров македонскиот народ е искомплексиран. Па ако во македонското Собрание тој тоа го вели, како ли и дали воопшто ги брани македонските национални интереси надвор од земјава? Нема реакција од власта ниту за Спасовски, министерот за прогон и терор, и по сите црнила на улиците и цветањето на криминалот низ државата. Нема одговорност, нема одговор ниту за било кое од барањата кои што ги упати ВМРО-ДПМНЕ до оваа власт, изјави на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски и додаде:

„Мора итно да се стави крај на црнилото во која што СДСМ на чело со аболираниот Зоран Заев ја зави Република Македонија. Ќе повторам, оваа наметната власт не води битка за добробитта на народот, оваа власт води битка со народот, со опозицијата, води битка за што поголемо омаловажување на народот, за економско пропаѓање на државата и граѓаните преку повисоки даноци кои што го осиромашуваат и бизнисот и работниците, оваа власт води битка со јасно изразената волја на граѓаните злоупотребувајќи ја најмоќната алатка на демократијата – референдумот!“

Портпаролот ги повтори барањата на Коалицијата „За Подобра Македонија“, во насока како што вели Стоилковски, да се стави крај на црнилата во кои што е завиена Република Македонија:

• ВМРО-ДПМНЕ бара итна и неотповиклива оставка на однародениот министер којшто својата нација ја нарече „Искомплексирана“ нација. Министерот зема буџетска плата благодарение на ова нација, ужива во привилегиите со буџетот да го школува семејството надвор од Република Македонија, и упатува непростлива навреда кон истиот тој народ.

• ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата бара итна и неотповиклива оставка на министерот за терор и прогон, Оливер Спасовски. Спасовски откако е министер реди само порази, мафијата ги презеде градовите, се случуваат убиства кои останаа нерасчистени, а тој води шпионски акции, претреси и омаловажувања на според СДСМ политички неподобните граѓани на Република Македонија.

• ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата бара веднаш да сопре иницијативата од Владата за покачување на даноците во Република Македонија. Во услови на економски колапс, дупка од капитални инвестиции, отсуство на инвестиции, однародената Власт мора да престане со осиромашувањето на бизнисот и дополнително осиромашување на народот, на сметка на свое лично богатење на властодршците.

• Бараме веднаш да продолжи проектот за гасификација на Република Македонија, и тоа од централно до општинско ниво. Тоа е вистинскиот чекор за навистина почист воздух. Да престанат лагите, декларативните ветувања за некакви лажни еколошки зафати.

• ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата бара веднаш да се формира независно тело кое ќе се занимава црниот Вотергеј на Заев, прислушувањето на обвинители и сите судии. Да биде предводено од човек на предлог на опозицијата, со задача да ги преслуша, анализира, систематизира материјалите од прислушувањата. Да се истражат нарачаните пресуди, нарачаните обвиненија за луѓето од 27-ми Април, нарачаните обвиненија за ВМРО-ДПМНЕ.

• Почитувани, ВМРО-ДПМНЕ во име на Коалицијата и во име на слободната мисла и слободно изразената волја на народот, бараме почитувања на јасно изразената волја на народот на референдум. Не смее да се изигрува Референдумот, кој што однародената власт не успеа да го намести, да го фингира и покрај сите манипулации со брзо гласање. Не смее да се продолжи со изигрување на демократијата со непочитувањето на најдемократската алатка и волјата на граѓаните.

-ВМРО-ДПМНЕ е тоа кое им пречи на оваа криминогена власт, на криминалните глави, полни со монструозни идеи против сопствениот народ, неморал натоварен со грст златници. Време е да застанете, секаде секој на свој начин, да застанете рамо до рамо со ВМРО-ДПМНЕ, со Коалицијата „За подбора Македонија“, со македонскиот народ за што поскоро да го победиме ова зло предводено од аболиран политичар чиешто име е Зоран Заев.
Македонија е во прашање, придружете се утре, но и на протестите секоја следна среда во 17 часот, за што побрзо да го поразиме и СДСМ и Зоран Заев и црните политики наметнати со оваа црна власт за една намена, потенцираше Стоилковски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This