НАУМ СТОИЛКОВСКИ: Јанакиески и Божиновски не ги прекршиле одредените мерки за претпазливост на судот, Апелација да се издигне над политичкиот притисок

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Апелацискиот суд мора да се издигне над политичкиот притисок и нарачани притвори мотивирани само и само од политичкиот прогон кој што се спроведува врз опозицијата, а во насока на покривање на грешките на власта, истакна Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

-Според сите правни аргументи, Миле Јанакиески и Кирил Божиновски за цело ова време додека траат политичките судења со ништо не ги прекршиле одредените мерки за претпазливост на судот. А периодот на изречени мерки не е кус, не е една недела, не е еден месец. Се работи за цели 18 месеци, година ипол, период во кој двајцата ги почитуваат мерките, редовно се јавуваат во судот, редовно одат на судските рочишта. Редовно се достапни за органите на прогонот. Нека посочат и нарачателите, и барателите, но и судиите, дали Јанакиески и Божиновски во целост ги почитувале изречените мерки? Дали имало еден петок во кој што двајцата не се јавиле на суд? По година ипол редовно исполнување на обврските, судиите во Апелација мора да ги земат предвид фактите, а не да ги потврдуваат одлуките кои се само и само во насока на Кацарска судот и партиските обвинителства, напишани од истиот центар, со кои се докажува политичката а не правосудната одлука за притвор, рече Стоилковски и додаде:

„Повторно јавноста останува без одговор: Зошто судот определува притвор по наводна службена белешка од Управата за Безбедност и Контраразузнавање, класифицирана со степен Строго Доверливо? Нема ниту одговор дали е проверена веродостојноста на исказот во службената белешка од УБК со ознака Строго Доверливо, откако Кабинетот на претседателот, но и обвинетите остро реагираше и ја демантираше нејзината содржина? Притоа, кој издал наредба УБК да го следи претседателот на државата и неговите активности? Колку и какви се’ белешки собира УБК за работењето на Претседателот Иванов? Кој ја издал наредбата за следење на Јанакиески и Божиновски и монтирање на политички конструкции во службените белешки? Какви и колку, но и против кој се’ се подготвуваат вакви и слични конструкции? Дали се злоупотребува УБК за да се фингираат политички мотивирани судски одлуки? Кои се другите лица од опозицијата предмет на следење и обработка од УБК и другите служби, но и кој ги составува списоците на „политички неподобните“ кои треба да бидат следени? Колкава штета трпи безбедноста на државата, додека УБК се расправа со политичката опозиција и неистомислениците на СДСМ наместо со вистинските безбедносни предизвици?“.

Ќе потсетам, подвлече тој, злоупотребите на безбедносните служби против опозицијата се својствени на СДСМ, уште од времето на патот до независноста на Република Македонија па се до денес, секогаш кога наследниците на комунизмот ќе се дограбаaт до власт.

-Во име на демократијата, судството мора да се ослободи од спрегите и притисоците на Зоран Заев и да работи врз база на аргументите. Аргументите велат дека ниту Јанакиески, ниту Божиновски имале намера да заминат и да ги напуштат своите семејства. Затоа судот мора да ги исправи направените грешки и да ги прифати аргументите на одбраната изнесени во жалбата за укинување на притворот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This