НАУЧНА СЕНЗАЦИЈА: Во најголемата египетска пирамида пронајдена шуплина во која може да собере авион!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Јапонски и француски научници кои во последните две години детално ги проучувале египетските пирамиди ги објавија своите резултати и ги шокираа сите. Експертите во пирамидите во Гиза откриле џиновска шуплина која досега на никого не му била позната

Научниците не успеале да дојдат до таа просторија во која може да собере помал авион бидејќи до таму било невозможно да се стигне. Затоа и не знаат дали има некои драгоцености во нив.

Меѓутоа, до големо сознание дошле благодарение на специјалната техника на мерење на густината внатре во големи камени структури. Останува непознато за што служеле тие празнини во Кеопсовата и Кефреновата пирамида.

Кеопсовата пирамида е висока 140 метри и најголема во Гиза во предградието на Каиро. Содржи три големи внатрешни комори и низа на ходници, од кои најзападната Голема Галерија, која е долга 47 и висока осум метри. Новооткриената празнина се наоѓа веднаш над галеријата и е со слични пропорции.

„Не знаеме дали таа голема празнина е хоризонтална или навалена, не знаеме ниту дали станува збор за неколку поврзани структури“, објаснува Мехди Тајуби од институтот во Париз.

„Во една работа сме 100% сигурни – џиновската празнина постои и е многу импресивна! На тоа дефинитивно не се надевавме…“.

Новото откритие ги возбуди сите заљубеници во пирамидите, но археолозите не сакаат да истрчуваат со заклучоци. Познатиот американски археолог Марк Ленер не е стопроцентно сигурен дали новото откритие има голема вредност.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This